Зошто вашата Wi-Fi мрежа е побавна од обично?

Квалитетната Wi-Fi мрежа може многу да ви го олесни животот, ако ништо друго барем може да направи да не се нервирате дека интернетот ви работи бавно. Но, сигурно постојат денови кога вашата Wi-Fi конекција е побавна од обично, па затоа потребно е да знаете што можете да преземете околу тоа.

Положбата на рутерот е многу важна за добра и брза Wi-Fi мрежа. Најдобро е да стои на некое повисоко место за брановите да можат полесно да стигнат до вашиот компјутер или смарфтон. Обидете се да го позиционирате рутерот така што тој ќе биде најблизу до уредите на кои им е потребен интернет, но и да внимавате да нема премногу ѕидови или метал помеѓу него и уредите.

Рутерот сигурно не е единствениот уред во вашата околина кој испраќа безжични сигнали, туку тоа го прават и други уреди како електрични уреди, сателити, базни станици и слично. Иако рутерот работи на различна фреквенција од сите нив, тоа не значи дека тие не му сметаат во работата. Микробрановите печки и Bluetooth уредите работат на фреквенција која е многу блиска до онаа на која работи рутерот, па затоа држете го него подалеку од ваквите уреди.

Најголемиот и најчест проблем со Wi-Fi мрежата е „позајмувањето“ на интернет од страна на комшиите. Поради тоа, мора да научите да ја заштитите вашата мрежа. Доколку немате ставено лозинка на мрежата, направете го тоа што побрзо, бидејќи во спротивно ризикувате на вашата мрежа да се приклучат многу повеќе уреди од оние што ги имате дома, што пак ќе придонесе мрежата да биде побавна.

Мора да знаете со кого живеете, бидејќи и луѓето кои живеат со вас можеби го „шмукаат“ целиот интернет. Проверете дали некој од нив симнува поголема база на податоци од интернет или пак можеби игра некоја онлајн видеоигра. Уште поголем проблем може да биде ако некој стрима од вашиот интернет, кој со сигурност ја убива брзината на рутерот.

реклама

Интернет

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Read more

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Read more

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Read more

Instagram воведува голема промена

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе