Зошто вашиот мозок никогаш не сака да вежбате?

Најновите истражувања покажаа дека има биолошка причина зошто повеќе сакате да се излежувате на кауч отколку да вежбате.

Сега кога знаеме каде е проблемот, може да работиме на надминување на инертноста.

Кога станува збор за вежбање, поголемиот дел од нас ќе потрошат повеќе време во објаснување зошто немаме време за вежбање отколку што е потребно да се облечат патики и да се излезе надвор.

Според Американското здружение за здраво срце, потребни ни се 150 минути умерено вежбање неделно за да бидеме витални, но повеќето луѓе не ја остваруваат ни таа цел.

Причината за тоа е дека „сме создадени да бидеме мрзливи’, иако нашите намери се поинакви.

Во едно најново истражување објавено во журналот  Neuropsychologia, спроведено на Универзитетот Британска Колумбија, биле регрутирани 29 испитаници и од нив било побарано да гледаат во слики со физичка активност или со неактивност додека носеле електроди што ја регистрирале нивната мозочна активност.

Испитаниците требало да ги поместат нивните онлајн аватари најблиску што можат кон сликите со активност, а подалеку од сликите со неактивност, а потоа обратно. Истражувачите дошле до заклучок дека испитаниците побрзо реагирале кон сликите со физичка активност околку оние со неактивност.

Испитаниците поактивно го користеле мозокот кога ги движеле нивните аватари подалеку од сликите со неактивност отколку кога ги движеле кон нив. Со други зборови, мозокот работел повеќе за да се помести подалеку од седечката слика.

Зошто нашите мозоци се напнуваат на самата помисла за вежбање?

Причината води корени од нашите инстинкти за преживување.

Зачувувањето на енергијата било од клучно значење за преживување на човечкиот род и поради тоа сме биле поефикасни во барањето храна и засолниште, натпреварувањето за сексуални партнери и бегањето од природни предатори.

Ова укажува дека ни е вродено да нѐ привлекува седење и лежење.

Тогаш како да го „измамиме“ мозокот дека треба да вежбаме?

Еден начин е да го убедиме мозокот дека вежбањето е некаков вид игра, односно задоволство, а другиот е да вметнеме повеќе активност во останатата секојдневна рутина (повеќе пешачење, одење по скали).

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Фит

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Read more

Редоследот по кој ја јадете храната може да ви помогне да не се здебелите

Read more

Промени во исхраната со кои ќе ослабете до лето

Read more

Најдоброто време од денот за вежбање: Го намалува ризикот од рана смрт за 61%

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе