Зошто Венгер беше отпуштен ако Арсенал не сака да направи промена?

Шест месеци по заминувањето на Арсен Венгер од кормилото на Арсенал, лондонскиот клуб повторно се наоѓа надвор од четирите места кои водат во Лигата на шампионите. Во црвениот дел од Лондон ништо се нема сменето, освен името на тренерот.

Францускиот стратег Арсен Венгер помина релативно успешни 22 години во Арсенал, иако последните неколку сезони сериозно влијаеа на неговата репутација. Но, како што одминува времето забележливо е дека проблемот на Арсенал не бил тренерот, туку многу различни фактори.

„Сите велат дека Емери ги има истите проблеми што ги имаше Венгер. Ништо се нема сменето. Тогаш, зошто Венгер беше отпуштен? Ако некој може да ми даде одговор на ова прашање, би бил многу среќен“, вели Емануел Петит, поранешната ѕвезда на Арсенал.

Кога во текот на изминатото лето Арсен Венгер беше отпуштен, навивачите на Арсенал беа убедени дека раководството веднаш ќе започне со санирање на недостатоците на тимот и силно ќе инвестира во подобрување на играчкиот кадар. Летото почна добро – на тимот му се приклучија Лукас Тореира, Бернд Лено, Сократис Папастатопулос, Матео Гендузи и Стефан Лихтшајнер. И во тој момент, кога навивачите се понадеваа дека раководството се подготвува за донесување на некоја ѕвезда, трансферите престанаа.

Месут Озил, кој потпиша огромен договор вреден 350.000 фунти неделно (15,6 милиони фунти годишно), скоро и да престана да се појавува во составот на Арсенал. Тој почесто е на клупата или воопшто не е во составот отколку што игра. Неговата огромна плата претставува голем товар за тимот и сега раководството се обидува да го продаде за да може да обезбеди простор за нови трансфери кои навистина би го засилиле составот. Ама тоа не е така едноставно бидејќи неговата лоша форма предизвикува многу мал интерес од европските клубови.

„Сѐ паѓа на грбот на Пјер Емерик Аубамејанг и Александр Лаказет и тие треба да постигнуваат голови, но за клуб како Арсенал, тоа не е доволно“, продолжува Петит.

Засега, Лихтштајнер изгледа како тотално промашен трансфер, додека Сократис, Бернд Лено и Матео Гендузи се само просечни и не покажаа дека имаат потенцијал да бидат вистински фактор во потребната револуција на клубот. Што се однесува до Лукас Тореира, тој е еден од најдобрите трансфери сезонава во Премиер лигата, но која е добивката од тоа кога Арсенал го губи Арон Ремзи, кој пак реши да не го продолжи договорот со лондонскиот клуб и да потпише за Јувентус.

Арсенал полека го губи местото како еден од гигантите на англискиот фудбал и станува клуб кој едвај добива шанса да се бори за настап во Лигата на шампионите – нешто што пред само неколку години никогаш не беше ставено под знак прашалник. Но, не сѐ изгубено за Арсенал. Слична ситуација пред 5-6 години имаше и Ливерпул, кој целосно испадна од конкуренција за титулата, но клубот инвестираше во минатите неколку трансфер-периоди и ги донесе Садио Мане, Роберто Фирмино, Фабињо, Вирџил ван Дајк и Алисон. Тоа резултираше во настап во финалето од Лига Европа и ланското финале од Лигата на шампионите, а оваа сезона Ливерпул се наоѓа на врвот на табелата во Премиер лигата и изгледа како главен конкурент за освојување на титулата.

Јануарскиот преоден рок сѐ уште не е завршен и постои шанса Арсенал да го засили составот уште месецов. Ако Озил си замине оваа зима, тогаш скоро сигурно парите од неговиот трансфер ќе бидат инвестирани во нови играчи. Но, Арсенал може да собере средства за засилување на тимот и преку продажба на неколку други играчи – Калум Чемберс, Мохамед Елнени, Карл Џенкинс, па дури и Хенрик Миктарјан. А засилувања се несомнено потребни.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Фудбал

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе