Зошто ви е тешко да го преболите раскинувањето?

Зошто ви е тешко да продолжите понатаму со животот после раскинувањето на врската, иако сте свесни дека тоа било најдоброто можно решение и исход?

Раскинувањето не е лесен чекор, без разлика дали одлуката била заемна, ваша или на другата страна. Сепак сте се разделиле од личност со која некогаш сте биле среќни, во која сте биле вљубени.

Има неколку причини зошто ви е тешко да го преболите и надминете раскинувањето:

Осаменост

Една од најчестите причини зошто на луѓето им е тешко да продолжат понатаму по раскинувањето е осаменоста за која стануваат свесни во моментот кога веќе го немаат партнерот покрај себе.

Осаменоста може да нѐ натера да почнеме да копнееме по личност која не била добра за нас.

Решение за ваквите моменти на криза е префрлање на фокусот. Најдобро е фокусот да го префрлите на себе, на нешто што ви причинува среќа, задоволство и радост. Искористете го ова слободно време за нешто корисно и продуктивно и не заборавајте – подобро е да сте сами отколку со некој кој не е добар за вас.

Изгубена самодоверба

Ако сте биле во врска со личност која не била добра за вас или не ви обрнувала внимание, можно е да сте почнале да ја губите самодовербата уште додека сте биле во таа нефункицонална врска.

Но, не е сѐ изгубено. Тоа била вашата реакција на таа личност и таа ситуација. Сега сте сами и целото внимание е насочено на вас и вашата добросостојба.

Опкружете се со луѓе кои ве сакаат и во го посакуваат само најдоброто, луѓе кои ве ценат и ве почитуваат, кои веруваат во вас и вашите способности.

Полека, полека, ќе избледи сеќавањето на тоа дека таа личност правела да се чувствувате лошо, а вие ќе најдете начин, механизам и метод да се сакате себе си и да ја одржувате таа љубов и почит кон себе.

Кога е навистина крај?

Ако во главата си немате расчистено дека е навистина крај, нема да можете да го почнете процесот на преболување и продолжување понатаму.

Одвреме-навреме се присетувате само на убавите моменти. Одвреме-навреме се убедувате дека (вие, другиот или двајцата) сте избрзале или погрешиле. Одвреме-навреме се убедувате дека таа врска уште има потенцијал.

Ако во главата имате уште многу неодговорени прашања за тоа зошто и како завршила врската, следува ладниот туш: најверојатно никогаш нема да ги добиете. Уште еден разговор со поранешниот партнер нема магично да ви даде одговори на сите прашања, затоа само прифатете го фактот дека врската завршила за да може да почне процесот на преболување и продолжување понатаму.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Љубов и секс

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Read more
 

Магазин

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Читај повеќе

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Читај повеќе

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Читај повеќе