Зошто во Германија слабо оди продажбата на домашни електрични автомобили?

Германските медиуми интензивно известуваат за слабата продажба на електрични возила во земјата, а особено на домашниот модел Mercedes EQC.

Mercedes Benz EQC почна со производство лани во мај, но продажбата на моделот се одвива неочекувано слабо.

Случајот го сврти вниманието на медиумите во Германија, еден од водечките автомобилски производители и пазари во светот. Германските медиуми известуваат дека во ноември, 2019 година биле регистрирани само 19 вакви возила, а продадени се 55. Податоците се големо разочарување, имајќи предвид дека ширум Германија беше спроведена масовна маркетиншка кампања.

Mercedes имаше план да произведува околу 100 вакви возила дневно и во 2020 да го зголеми производството, но тоа не ѝ тргна од рака на компанијата.

Се поставува прашањето дали Mercedes направи грешка во производството, дали некои компоненти се лошо изработени или едноставно требаше да се почека со пласирање на моделот на пазарот? Или пак станува збор за нешто сосема друго?

Нови проблеми се појавија во декември кога беше соопштено дека продажбата на овој модел во САД се одложува за 2021 година.

Mercedes Benz EQC има батерија од 80 киловат-часови и тежи околу 625 килограми. Автомобилот забрзува од 0 до 100 км/ч за 5,1 секунди, а максимална брзина му е 180  км/ч. Досегот со едно полнење на батеријата е околу 450 км.

реклама

Авто новости

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Read more

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Read more
 

Автомобили

  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе