Што имаат заедничко скоро сите ресторани? Маси, столици, готвачи во кујната, келнери и менија. Без овие работи местото не би можело да се нарече ресторан. Сепак, многу ресторани служат леб пред главното јадење. Дали некогаш сте се запрашале зошто?
Иако некои ресторани почнаа да го наплаќаат, речиси секој ресторан ќе ви донесе леб во одреден момент, помеѓу седењето на маса и послужувањето на главното јадење.
Зарем поентата на ресторанот не е да ве натера да трошите пари за храна, а не да ве засити бесплатно пред да ви пристигне оброкот - е она што ќе се запрашаат многумина.
Не секогаш тоа е обичен леб, напротив, речиси секогаш кошничката содржи различни видови леб како интегрален, 'ржан, мешан, бел, а може да има и некои земички, соленки, додека некои дури и служат по некој намаз заедно со лебот.
Ова се некои од причините зошто рестораните служат леб пред да го послужат јадењето:
Знак на гостопримство
Тоа е знак на гостопримство. Кога ги пречекувате луѓето во вашиот дом или ресторан, им давате леб и на тој начин им покажувате дека се добредојдени.
Традиција која останала до денес
Сопствениците на таверните историски служеле еден оброк дневно, во одредено време и по одредена цена, така што служењето леб пред главното јадење со месо, риба или друга поскапа храна помогнало да се намалат трошоците.
Подготовка за пристигнување на храната
Тоа е начин да им се даде на посетителите нешто да прават пред да пристигне нивната храна. Кога ќе седнете на масата во ресторанот, обично сте гладни, но може да потрае некое време додека да стигне храната. Наместо да им дозволите на клиентите да седат без ништо да јадат, да гладуваат и да гледаат како другите гости уживаат во нивната храна, давањето им малку леб за да ги подготвите за пристигнувањето на нивниот оброк, ги одржува среќни и ги спречува да станат нетрпеливи.
Инспирира потсвесен реципроцитет
Ако на масата се стави дарежлива и топла корпа за леб пред гостинот да има шанса да нарача, тој или таа потсвесно ќе сака да ја возврати услугата.
„Беа дарежливи со лебот, па сега ќе бидам дарежлив со нив“, можеби ќе си помисли гостинот.
Затоа, оваа практика ги става клиентите во великодушно расположение.
Лебот всушност ве прави погладни
Едноставните јаглехидрати предизвикуваат производство на инсулин, што ве прави погладни отколку што претходно сте биле, а најверојатно нема да се почувствувате сити од јадење леб.