Зошто во Туркменистан нема заболени со COVID-19?

Картата на светот добива сѐ повеќе црвени точки кои ги претставуваат местата со регистрирани случаи на COVID-19, болест која досега зафати повеќе од 1 милион луѓе, а десетици илјади починаа.

Сепак, уште има неколку земји кои досега не регистрирале случај на заболен со новиот коронавирус, а една од нив е Туркменистан. Многу епидемиолози и експерти за геополитика се загрижени дека можно е владата на оваа земја да ја крие вистината, односно бројот на заразени, што би можело опасно да се одрази на глобалните напори за спречување и сузбивање на пандемијата.

Додека светот се бори против пандемијата и сѐ повеќе земји воведуваат забрани и ограничувања на движењето за своите граѓани, Туркменистан денеска одржа масовна велосипедска трка по повод Денот на здравството.

Оваа централноазиска земја тврди дека нема заразени со COVID-19. Но, дали може да им веруваме на статистичките податоци доставени од влада позната по цензурата и високото ниво на корупција?

„Познато е колку се не може да им се верува на официјалните статистики за здравство од Туркменистан“, вели за BBC професор Мартин Меки од Лондонскиот факултет за хигиена и тропска медицина кој го проучува туркменистанскиот здравствен систем.

„Во изминатава деценија Туркменистан тврди дека нема регистрирано случаи на заболени од ХИВ/СИДА, што не е возможно. Исто така знаеме дека на почетокот на 2000-тите криеше докази за низа епидемии“, вели тој.

Многу луѓе во Туркменистан се плашат дури и да алудираат на тоа дека можно е заразата со COVID-19 да стигнала во земјата.

„Познаничка која работи во државна служба ми кажа дека не смеат ни да кажат дека вирусот го има во земјата, ни дека слушнале за тоа, инаку може да имаат проблеми“, вели жителка на главниот град Ашхабад која побара да остане анонимна.

Властите во Турменистан сепак преземаат мерки за „можна епидемија“. Заедно со агенциите на ОН во земјата дискутираат за план на делување.

Елена Панова, координатор на ОН во Туркменистан, за BBC изјави дека овој план вклучува координација на ниво на целата држава, проценка на ризикот, истражување на случаи, лабораториска дијагностика и други мерки.

На прашањето дали ОН им веруваат на официјалните статистички податоци што покажуваат дека Туркменистан нема потврдени случаи на COVID-19, Панова одбегнува да даде директен одговор.

„Се потпираме на официјалните информации бидејќи така прават сите земји. Не станува збор за недоверба бидејќи едноставно вака функционираат нештата“, одговори таа.

Панова додава дека раните мерки како забраната за патување дале голем придонес за тоа да нема заразени. Туркменистан навистина ги затвори речиси сите копнени гранични премини уште пред повеќе од еден месец. Исто така ги откажа сите летови кон Кина и некои други земји во почетокот на февруари и почна да ги пренасочува сите меѓународни летови од главниот град кон Турменабад во североисточниот дел на земјата, каде беше поставена карантин-зона.

Меѓутоа, некои граѓани тврдат дека имало луѓе кои платиле мито за да не бидат ставени во задолжителен двонеделен карантин во шатори.

Панова вели дека сите кои пристигнале во земјата и покажувале симптоми веднаш биле тестирани за COVID-19. Таа сепак не даде точни бројки колку тестови биле направени и со колку тестови располага Туркменистан воопшто.

„Владата кажува дека има доволно тестови“, вели таа.

Во меѓувреме, животот во Туркменистан продолжува како и обично. Кафулињата и рестораните се отворени. Се одржуваат свадби, крштевки и други масовни семејни прослави. Никој не носи заштитна маска и сите масовни настани се одржуваат без проблеми.

Се чини дека Туркменистан е во заблуда дека коронавирусот не претставува огромна закана по здравјето на луѓето.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе