Зошто Zoom има толку многу безбедносни проблеми?
Платформата Zoom стана сензација поради пандемијата со COVID-19. Бесплатна е и лесна за користење, што помогна да стане успешна, а за нејзина популаризација придонесе актуелната ситуација поради кој милиони луѓе кои не направиле ни конференциски повик во животот сега работат онлајн и одржуваат видео-состаноци.
Но, тоа со себе донесе и ризици за безбедноста и заштитата на личните податоци на корисниците.