Звездана Ангеловска стана прва двојна добитничка на наградата „Ристо Шишков“

Струмица, 14 септември 2021 (МИА) – Актерката Звездана Ангеловска ја доби наградата за најдобро актерско остварување на 29. издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“, кој синоќа заврши во Струмица.

Таа е наградена за улогата на Таа во претставата „Само глас“ од Нина Плавањац, во режија на Марјан Неќак во продукција на Македонскиот народен театар од Скопје.

Одлуката на фестивалското жири ја образложи претседателката, ланската лауретка, Александра Пешевска, во кое покрај неа играта на актерите ја оценува и Благој Чоревски и Петар Мирчевски.

„Звездана Ангеловска ни овозможи поглед во внатрешниот свет на нејзиниот лик, изнесувајќи ги своите лични ставови, а преку нејзиното ламентирање се реконструира и пошироката слика на општество од социјален, идеолошки и религиозен аспект. Звездана Ангеловска својот лик го надградува со користење и на музички средства, во секој миг беше посветена и уверлива во својата креација на ликот, актерски моќна и стамена. Трансформациите на ликот го покажуваат актерскиот дијапазон на Ангеловска, дијапазон со океанска длабочина и небесна широчина! Таа манифестираше модерен актерски израз во контекст на актуелниот глобален општествен миг“, рече Пешевска.

Ангеловска не присуствуваше на доделувањето на наградата, која се состои од златен медалјон со ликот на Шишков и парична награда во износ од 1.500 евра. Според директорот на Фестивалот, Ванчо Ристов Патриков, наградата ќе и биде врачена дополнително.

Инаку, Звездана Ангеловска по вторпат ја добива наградата „Ристо Шишков“. Првпат ја доби во 2003 година и досега е единствена која двапати се закитува со ова признание.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Култура

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more

Почнува Крај Вардарот Џез: Три фестивалски вечери и пет концертни настапи кои кокетираат со авангардни стилови

Read more

Под слоганот Приказна се чита денеска почнува Саемот на книга

Read more

Вечерва во МКЦ премиера на документарецот Време на бетон

Read more
 

Вести

ЕУ смета дека Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: „Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега

Читај повеќе

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Читај повеќе
  • play_arrow

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Читај повеќе

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе