10 години во Singular низ призмата на првите вработени во македонската канцеларија

Изминативе неколку години, софтверската компанија Singular значително го зголеми својот тим и одбележа големи успеси, вклучувајќи го и отворањето на новата канцеларија во Скопје, како и аквизацијата од страна на Flutter Entertainment Plc, светски познат лидер во онлајн спортско обложување и гејминг. Иако тимот во македонската канцеларија денес вклучува повеќе од 80 луѓе, при започнувањето со работа во 2013 имало само 4 вработени, а растот покажува дека уште од самиот почеток фокусот е ставен на луѓето.

Токму за ова зборуваат и тројца вработени кои се дел од тимот уште од првиот ден од отворањето на македонската канцеларија, кога компанијата сѐ уште била стартап. Велат дека најголемата предност е што ја имале шансата професионално и лично да се надградуваат во чекор со компанијата во која работат, а со тоа и да работат на попредизвикувачки и покомплексни проекти.

Томе Граматиков е Solution Architect и посочува дека уште во првите пет минути при интервјуто за вработување во Singular знаел дека е компанија која негува здрава култура и им дава можност на вработените да се развиваат.

„Постои една флексибилност со која и ние попатно ги менувавме процесите и ги градевме, а со тоа и тимот се надградуваше. Целта беше да се направи една структура која ќе функционира. Инвестиравме во стабилност, брзина и точност, што е најважно. Singular ја имаше таа флексибилност со која сугестиите нешто да се подобри секогаш беа добродојдени и огромен удел имаше самата култура во компанијата. Во Singular дојдоа огромен број практиканти, искусни и помалку искусни луѓе. Сепак секогаш имаше место за секого и голем број на луѓето останаа и до ден денес. Има висок процент на employee retention и не би рекол дека е плата или само услови туку им даваме простор на луѓето да се градат, да напредуваат и да уживаат во тоа што го работат“, посочува Граматиков и додава дека најголемиот бенефит е што станува збор за компанија која негува здрава средина во која луѓето растат и од аспект на позициии и знаење.

Елена Инадеска-Аврамовска е Employee Experience Manager во Singular и таа е една од вработените што се дел од компанијата од самиот почеток.

„Чувството на успех што го осетив кога влегов прв пат во нашата мала канцеларија е истото чувство што го имам за Singular и денес. Уште во првиот контакт со сопствениците и тимот можеше да се почувствува една посебна енергија која сè уште е присутна и може да се доживее уште во самиот процесот на регрутирање. Ме радува што искрата која ја имав кога почнав во Singular, ја гледам сега кај секој нов член кој ни се приклучува на тимот, а сум тука да потврдам дека дури и по 10 години, таа не исчезнува. Уште од самиот почеток, една од моите цели беше да изградиме компаниска култура која се одликува со разбирање, поддршка на растот и развојот на нашите вработени и формирање на работна околина потребна за да вработените ги постигнат своите цели. Денес, сум среќна што со мојата улога во Singular допринесувам за зајакнување на оваа култура и тимскиот дух во кој владее доверба, почит и соработка за заедничко стремење кон целите“, посочува Елена.

Истакнува дека ја има среќата да гледа како компанијата се развива особено после 2021 година кога станале дел од Flutter Entertainment - најголемата, водечка во светот групација во областа на спортско обложување, игри и забава со повеќе од 20.000 вработени.

„10 години е период каде што човек вистински расте и може да доживее многу низ тој период, затоа мојот личен и професионален развој е во нераскинлива врска со Singular. Сметам дека работење на сопствениот личен раст и развој е многу важно за да се успее на секој животен план, но најважно и за да се постигне професионален успех на работното место. Благодарна сум што изминативе 10 години имам можност да се градам паралелно себе си како личност и да бидам дел од тимот кој цели кон тоа да ја изгради Singular како компанија која го приоретизира успехот на своите вработени, а со тоа и на самата компанија“, објаснува Инадеска-Аврамовска.

Коста Самарџиев е Tech Lead кој самиот развој на компанијата го пресликува и низ сопствениот развој во приватниот и професионалниот живот.

„Нашата компанија пред сè работи во интересен домејн во кој техничкиот развој и креативноста немаат граници. Сега како дел од групацијата на Flutter Entertainment, ентузијазмот и професионализмот продолжија да бидат на високо ниво. Синџирот е силен колку неговата најслаба алка“, истакнува Самарџиев.

Singular функционира веќе 14 години, а компанијата стана дел од Flutter Entertainment во 2021, водечката светска компанија за онлајн спортско обложување и игри, придружувајќи се на дел од најпознатите брендови во индустријата, како PokerStars, FanDuel, Paddy Power, и Betfair. Со поддршка од Flutter Entertainment, Singular создава широк спектар на можности за кариерен развој и притоа го негува сопствениот идентитет на секој вработен.

За повеќе информации за Singular, пакетот на придобивки и отворени работни позиции, посетете ја: careers.flutterinternational.com/our-brands/singular/

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Промо

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

Read more

Вложениот труд носи сатисфакција

Read more

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Read more

Македонски Телеком e најпосакуван работодавач меѓу телекомуникациските компании во Македонија

Read more
 

Ново

  • filter

18 мај 1804, Наполеон бил прогласен за император

Читај повеќе
  • filter

Древните цивилизации на Анадолија

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе