2 мај 2011, Американците го ликвидирале Осама бин Ладен
Најбараниот светски терорист, Саудиецот Осама бин Мохамед бид Ауад бин Ладен, основач на пан-исламската терористичка организација Ал Каеда, бил убиен од страна на американските специјалци во Пакистан.
Бин Ладен бил одговорен за терористичките напади на 11 септември во САД кога киднапери грабнале 4 авиони од кои два се удриле во Светскиот трговски центар во Њујорк, еден во Пентагон, а последниот не дошол до целта откако патниците ги совладале киднаперите. Загинале илјадници.
Потерата по Бин Ладен почнала веднаш по нападите и дури по 10 години САД се одмаздиле. Операцијата „Копјето на Нептун“ по наредба на Барак Обама била извршена откако информации индицирале дека Бин Ладен се криел во градот Аботабад во Пакистан. Откако со ДНК тест било позитивно идентивикувано телото, погребот бил извршен од Американците на непозната локација во Индискиот Океан.