3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Пред да донесете одлука кога ќе дознаете дека партнерот ве изневерил, внимавајте на советите на експертите.

Експертите за врски велат дека прељубата е траума. Понекогаш се потребни две години за да се надмине, бидејќи неверството обично резултира со губење на довербата.

Тоа може да влијае и на вашето здравје, што доведува до губење на тежината или земање лекови.

Тоа е состојба која бара лекување, велат психотерапевтите.

Моментот кога ќе дознаете за невертсвото може да биде пресуден за тоа како ќе се поставите во новата ситуација. Експертот за врски Марти Клајн ги открива трите најлоши работи што можете да ги направите:

Носење големи одлуки

„Никој не треба да донесе голема одлука кога е навистина вознемирен. Сепак, и покрај тоа, луѓето секојдневно носат различни важни одлуки во агонија. Штом дознаат за измамата, велат дека сакаат веднаш развод и мора веднаш да им се каже на децата, не можат да си помогнат... Наместо тоа, одвојте време да размислите и да ги стабилизирате вашите чувства пред да донесете какви било големи одлуки, исто така, не објавувајте ги таквите информации на социјалните мрежи.

Барање поддршка на интернет

„Неверството може да биде толку дестабилизирачко што изневерените често бараат објаснување за да им помогне да го разберат тоа. Има многу страници каде луѓето ги споделуваат своите проблеми, но тие не помагаат. Честопати може дури да имаат спротивен ефект, односно, на изневерените да им биде уште потешко кога ќе ги читаат коментарите што ги оставаат другите корисници“, вели Клајн.

Барање поддршка од луѓе кои се во слична ситуација

„Обидете се да не барате совет од оние кои и самите се мачат со истиот проблем, бидејќи тоа може да влијае на вашите емоции. Разбирливо е дека ќе имате прашања за вашиот партнер по изневерувањето. Сепак, една од најлошите реакции е да започнете ‘истрага’, барем кога се работи за информации кои не сте подготвени да ги знаете“, предупредува Клајн.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Љубов и секс

Што значи да сте заглавени во врска?

Read more

Не се измачувајте повеќе: Дали е време да раскинете?

Read more

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Read more

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе