30 април 1945, Адолф Хитлер и Ева Браун се самоубиле во Берлин
На денешен ден, 30 април, во 1945 година, нацистичкиот лидер Адолф Хитлер се самоубил во својот бункер во Берлин.
Адолф Хитлер (роден на 20 април 1889 година) бил водач на нацистите и канцелар на Германија од 1933 до 1945 година. За време на Првата светска војна се борел во Франција, бил изложен на бојни отрови и потоа бил одликуван за храброст.
Хитлер успеал на 30 јануари 1933 година да го придобие и натера претседателот фон Хинденбург да го назначи за канцелар. Следната година Хинденбург починал, а Хитлер ги приграбил и неговите функции и се нарекол Фирер (водач).
Набргу потоа Хитлер започнал да размислува за освојување на светот. Се насочил кон соседните земји и со инвазијата на Полска на 1 септември 1939 ја предизвикал Втората светска војна. До 1942 година станал господар на цела Европа и на Советските територии до Москва. Но потоа, Сојузниците со нивните комбинирани сили ја разбиле германската војска и во април 1945 додека руската артилерија го разорувала Берлин, Хитлер во својот бункер си го одзел животот.
Хитлер директно бил одговорен за смртта на 60 милиони луѓе, стотици милони ранети и безброј разурнати градови и така на светот му нанел поголемо зло од било која личност во историјата.
По јануари 1945, Хитлер не ја напуштил канцеларијата во Берлин или неговиот бункер, смислувајќи план за последен отпор на југот како што се ближеле советските сили кон Берлин. Во состојба на целсона исцрпеност и нервоза, тој на крајот го прифатил неизбежниот пораз, и одлучил да си го одземе својот живот и да ја остави земјата врз која имал апсолутна моќ на милост и немилост на нејзините окупатори. Пред ова, останале уште две работи да се извршат. Првата - се оженил со Ева Браун на полноќ помеѓу 28 и 29 април. Веднаш потоа го издиктирал својот политички тестамент, оправдувајќи ја неговата кариера и назначувајќи ги адмиралот Карл Дениц за претседател и Јозеф Гебелс за канцелар. На 30 април за последен пат се поздравил со Гебелс и неколку останати коишто биле со него, и влегле во бункерот со неговата жена. Хитлер се застрелал, а неговата жена се отрула.
Според неговите инструкции, нивните тела биле запалени.