48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Макфакс
/ 05.05.2024 / 10:55

Кинезите го слават возачот на камион кој го паркирал своето возило преку автопат за да спречи повеќе возила да не се стркалаат по падината по уривањето на автопат. Најмалку 48 лица загинаа во несреќата на југот на земјата.

Ван Сјаннан во средата возел по автопат во провинцијата Гуандон кога забележал неколку возила кои се движат во спротивна насока на автопатот со четири ленти. Набрзо еден колега возач го известил дека автопатот пропаднал.

Поранешниот војник Ван брзо го позиционирал својот камион да го блокира автопатот, ефикасно запирајќи десетици возила да продолжат кон амбисот. Во меѓувреме, неговата сопруга излегла од камионот за да ги предупреди другите возачи за ситуацијата, јавуваат кинеските медиуми.

„Не размислував премногу. Само сакав да ги запрам возилата“, изјави Ван за кинеската новинска агенција. Храбрите постапки на Ван не само што добија пофалби од Кинезите на социјалните мрежи, туку и признанија од Кинеската фондација за развој на работниците.

Фондацијата во петокот објави дека му доделила на Ван 10.000 јуани (1.414 долари) во соработка со една автомобилска компанија. Добротворниот проект поврзан со технолошкиот гигант Alibaba, исто така, му даде на Ван еднаков износ. Ван изјави за весникот дека парите ќе ги донира на семејствата на жртвите од колапсот.

Локалните медиуми, исто така, објавија дека уште еден маж клекнал за да ги спречи автомобилите да продолжат по автопатот. Несреќата се случила по цел месец обилни дождови во Гуандон. Некои од 23-те возила кои паднаа во длабоката провалија се запалија, по што се издигнаа густи облаци од чад.

Во саботата, градската влада на Меиџоу во Гуандон објави дека властите ќе спроведат проверки на автопатите, железниците и патиштата во планинските области. Тим предводен од гувернерот на провинцијата ги истражува причините за падот.

реклама

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Кој потешко ја поднесува самотијата, мажите или жените?

Read more

Утре истекува рокот за аплицирање за снабдување со струја по повластена цена

Read more

180.000 загинати и ранети Руси и 100.000 Украинци, проценува норвешки командант

Read more

Свет

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе