6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Јапонските научници успеаја да пренесат податоци со брзина од 100 гигабити во секунда во високофреквентни појаси на бранови должини, на растојание од 100 метри.

Конзорциум од јапонски компании, составен од NTT DOCOMO, NEC и Fujitsu, го создадоа првиот светски безжичен уред со голема брзина 6G, способен да пренесува податоци со молскавична брзина од 100 гигабити во секунда на растојание од 100 метри.

Овие брзини на пренос на податоци се еквивалентни на безжичниот пренос на пет HD филмови во секунда и, според Statista, се дури 500 пати поголеми од просечните брзини на 5G во Соединетите Американски Држави, кои моментално изнесуваат 204,9 мегабити во секунда.

Брзини и растојанија

Резултатите од тестот покажуваат дека безжичниот уред на конзорциумот пренесувал податоци со брзина од 100 Gbps во затворен простор преку опсегот од 100 GHz и на отворено во опсегот од 300 GHz.

Во претходните тестови, научниците постигнаа поголеми брзини 6G, но на многу помали растојанија. Друг тим од јапонски научници покажа рекордна брзина од 6G од 240 Gbps, но само на 20 метри, што беше објавено во списанието IEICE Electronics Express во февруари.

Предности и недостатоци

Воведен во 2019 година, 5G моментално е најмодерниот стандард за безжична комуникација и се користи од речиси сите нови паметни телефони. Но, веќе интензивно се подготвува инфраструктурата за шестата генерација, која според GSM Association (GSMA) треба да профункционира во следните десет години.

6G треба да користи повеќефреквентни опсези лоцирани помеѓу 100 и 300 GHz. Емитувањето во овој регион ги користи предностите на повисоките брзини, а нивниот главен недостаток се поголемите пречки од околината и опасноста од блокирање на сигналот, особено во затворени простори.

Имајќи предвид дека 6G се потпира на многу повисоки фреквенциски опсези, ќе ни треба сосема нова инфраструктура за пренос и засилување на сигналот.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе