Албанката Ева Мурати, водителка од Лигата на шампионите, го привлече вниманието на многу гледачи со својот изглед, а на социјалните мрежи секојдневно е опсипана со комплименти.
Кариерата ја започнала кога имала 15 години. Таа се појави во бројни реклами и имаше неколку манекенски ангажмани. Првото шоу „Антилопа“ го сними во 2013 година.
После тоа, таа беше водтелка на изборот за Мис на Албанија. Покрај Лигата на шампионите, моментално е водителка на Sports Week на албанскиот канал Tring Sport.
Глумеше во филмовите You Can Call Me John и The Outlaw, како и во серијата Skanderbeg. Се испробала и во театарот. Имено, таа беше дел од претставите The Threepenny Opera и The Two Gentlemen of Verona.
Студирала право на Универзитетот во Тирана. И покрај бројните ангажмани во различни сфери, фудбалот е нејзината најголема љубов. Навива за Јувентус.
Таа има повеќе од 900.000 следбеници на Instagram, а многумина поради нејзината убавина ја нарекоа „Европска кралица“.
„Таа е најубавата водителка на Лигата на шампионите“, „Ти си причината зошто Лигата на шампионите е одлична“, „Нејзината убавина е единствена“, „Ева - една од најубавите жени досега“, се само некои од комплименти што ги добива.