Барса ја доби најголемата спонзорска понуда во историјата на фудбалот

Барселона можеби минува низ деликатен момент на спортски и економски план, но силата на брендот не е мизерна и според каталонскиот весник Sport, клубот ја добил најголемата спонзорска понуда во фудбалската историја.

Како спортски клуб со најмногу следбеници на планетата на социјалните медиуми (севкупно на Twitter, Facebook, Instagram и другите платформи), Барса продолжува да биде главна атракција за многу мултинационални компании кои сакаат да соработуваат со тимот од Блауграна.

Во моментов, на шест месеци пред истекот на двата најважни спонзорски договори кои клубот ги има за дресот (Rakuten и Beko), Барса на својата маса ја има најголемата спонзорска понуда во историјата на фудбалот, тврди Sport.

Американската компанија VeganNation преговара со Барселона од ноември, а во игра е и азискиот гигант Tencent, најголемата технолошка компанија во светот.

Детали не се прецизираат, но Sport наведува дека станува збор за суми кои никогаш досега не биле платени во фудбалската индустрија, што би можело да стави крај на долгот на Барселона.

Изгледа дека има излез од кризата на каталонскиот гигант, а Барселона ќе ја гледаме во препознатливо светло од лето, вклучително и големи трансфери како оној на Ерлинг Холанд, кој се најавува.

Тагови
реклама

Фудбал

Велковски: Да покажеме храброст и да се надеваме на позитивен резултат

Read more

Тони Крос: Уживав, сакав да заминам на овој начин

Read more

Терзиќ: Не заслуживме ваков пораз, одигравме одлично

Read more

Статива

Read more
 

Спорт

  • filter

Дарио Ивановски победник на 8. издание на Охрид трчаТ

Читај повеќе
  • play_arrow

Велковски: Да покажеме храброст и да се надеваме на позитивен резултат

Читај повеќе

Тони Крос: Уживав, сакав да заминам на овој начин

Читај повеќе
  • play_arrow

Терзиќ: Не заслуживме ваков пораз, одигравме одлично

Читај повеќе
  • play_arrow

Ѓоковиќ и Музети играа до 3 сабајле – Ноле победи во пет сета

Читај повеќе
  • play_arrow

Статива

Читај повеќе

Димитријевиќ се договорил со Олимпија Милано

Читај повеќе
  • play_arrow

Вечерва е финалето во ЛШ: Реал апсолутен фаворит, Борусија подготвена за сензација

Читај повеќе
  • play_arrow

Митровиќ го расплака Роналдо: Ал Хилал со двојна круна во Саудиска Арабија

Читај повеќе