Беќаровски обвинуван за навреди врз Албанци на национална основа, најави тужба

Министерството за здравство упати обвинувања за докторот од Токсикологија Нико Беќаровски дека ги навредувал Албанците на национална основа.

Изјавата е објавена на страна на Министерството. Ова се случува во екот на тензиите помеѓу министерот во заминување, Илир Демири, и вработените од Клиниката за токсикологија кои ја обвинуваат економската директорка за нестручно работење, но Демири упорно не ја разрешува.

Беќаровски по изнесеното на сајтот најави дека ќе следи тужба и истакна дека објавата е базирана на лажни изјави, на незаконски архивиран документ, на кој не стои ниту едно име. Во писмо до Демири, познатиот доктор вели дека нанесена му е штета на угледот.

„Инпутирање на било какви национални навреди е најблаго речено дегутантно. И јас, впрочем како и Вие, секогаш сум бил исклучиво поборник за максимален професионализам, базиран на квалитет и мерит систем, без никакви други предрасуди. Најколегијално, Ве замолувам во следните 24 часа јавно да се оградите од оваа несреќна објава на сајтот и да ми се извините за нанесената повреда на мојата чест и углед. Воедно Ве поканувам во текот на идната недела да ја посетите УК токсикологија и да остварите состанок со Стручниот колегиум на Клиниката, за заедно да ги продискутираме наталожените проблеми кои сериозно влијаат на квалитетот на здравствените услуги. Со должна почит и колегијален поздрав“, се вели во коментарот на Беќаровски упатен до министерот Демири.

Д-р Данил Петровски е разрешен од позицијата медицински директор на Клиниката за токсикологија поради несовесно...

Posted by Министерство за здравство / Ministria e Shëndetësisë on Tuesday, May 14, 2024
Вработените на Токсикологија во одбрана на Беќаровски: Тој е врвен професионалец, зад обвинувањата стојат лица што не се вработени на клиниката

Вработените на Клиниката за токсикологија преку писмо застанаа во одбрана на својот колега Нико Беќаровски за кој претходно Министерството за здравство, предводено од Илир Демири, сподели изјава дека наводно навредувал Албанци.

Вработените се уверени дека наводите од изјавата не се вистинити, а за познатиот докотор имаат да кажат сѐ најубаво.

„Ние, вработените од УК за токсикологија со редовен заснован работен однос на неопределено време, во целост ги демантираме наводите изнесени со изјава од 26.4.2024 година на групи лица без статус вработени на клиниката, а кои се однесуваат за наводно кажани навреди против Албанци од проф. д-р Нико Беќаровски.

Најостро реагираме и ги демантираме информациите изјавени во неколку медиуми од Министерство за здравство и сме должни на јавноста да ѝ појасниме дека какви било навреди или притисоци врз Албанци, а кои претходно беа ангажирани со договор за дело, не се упатени од страна на проф. д-р Нико Беќаровски.

Доктор Нико Беќаровски е врвен професиналец, кој повеќе од 10 години работи ургентна медицина и спасува човечки животи, без разлика на етничката припадност или припадност на политичка партии, па поврзувањето на неговото име со вакви невистини за политички цели е скандалозно и некоректно и поттикнува нетрпение на национална основа“, се навдува во потпишаната изјава.

Претходно, и доктор Беќаровски најави тужба до инволвираните лица и во целост ги отфрли тврдењата дека ги навредувал Албанците на национална основа.

На сето ова претходи што пред речиси еден месец на прес-конференција доктори од Клиниката за токсикологија објавија дека економската директорка Бесија Илјази не дозволува вработување на двајца дипломирани биолози и еден болничар. Наместо тоа, таа инсистира да се вработат осумнаесетмина, на кои им истекле договорите за дело, а меѓу нив има лица што немаат соодветно образование. Вработените тврдат дека Илјази, спротивно на решението на ДСЗИ, кое изречно забранува присуство на невработени лица на Клиниката, ги поттикнува да доаѓаат на работа сите оние на кои им е истечен договорот.

Нико Беќаровски тогаш рече дека едното од овие лица со истечени договори, кој работел како болничар, вршел притисок врз лаборант – барал урина во која имало наркотици да биде сменета со урина која е чиста, ама лаборантот не прифатил.

За образованието на Илјази лекарите не знаат ништо, ниту за познавањето јазици, со оглед на тоа што македонскиот не го зборува, а Беќаровски тогаш рече дека се обидел да комуницира со неа на англиски јазик. Заклучокот беше дека со неа немаат комуникација.

Министерот за здравство Илир Демири вчера го разреши медицинскиот директор на Токсикологија, Данил Петревски, наводно и тој, според министерот, ширел говор на омраза на етничка основа, а Илјази ја задржа на функцијата. Вработените и за обвинувањата за Петревски рекоа дека се невистинити, неосновани и недокажливи. Тврдат дека е чиста шпекулација, нарачана од поединци и реализирана преку новинар, кој во 2 часот по полноќ си дал право да упадне на клиниката.

реклама

Како правилно да ги перете белите алишта?

Read more

Ставањето тоалетна хартија во фрижидер повторно е во тренд

Read more

5 намирници богати со јаглени хидрати што треба да ги јадете ако сакате да ослабете

Read more

Вообичаена возачка навика покажува дека лицето можеби е психопат

Read more

Македонија

Сончево време, попладне наместа со дожд и грмежи

Read more

Градски паркинг од денеска со летно работно време на паркинг зоните

Read more

Стоилковски: 12-те директори на Хирургија да кажат колку операции и зафати се откажани во овие 15 дена

Read more

Деспотовски ќе се кандидира за претседател на СДСМ: Потребен е натпревар на идеи, а не пазарење

Read more
 

Вести

Сончево време, попладне наместа со дожд и грмежи

Читај повеќе

Голема полициска акција во Скопје за дрога: приведени 28 лица, двајца се во притвор

Читај повеќе

Градски паркинг од денеска со летно работно време на паркинг зоните

Читај повеќе

Почина скопски таксист: Возејќи патник на Словенечка доживеал срцев удар

Читај повеќе

Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Читај повеќе

Враќање во иднината: 40 средношколци од различни градови викендов ќе работат на креативно изразување на ставовите преку видеа, графити, музика и облека

Читај повеќе
  • play_arrow

Масовен руски напад врз енергетски капацитети во Украина

Читај повеќе

Стоилковски: 12-те директори на Хирургија да кажат колку операции и зафати се откажани во овие 15 дена

Читај повеќе

Деспотовски ќе се кандидира за претседател на СДСМ: Потребен е натпревар на идеи, а не пазарење

Читај повеќе