Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Холивудската актерка Ен Хатавеј неодамна откри со какви непријатности се соочила за време на аудициите во 2000-тите.

Во неодамнешното интервју за V Magazine, актерката сподели како се чувствувала на аудициите на почетокот на нејзината кариера и дека еднаш морала да бакне 10 мажи за време на аудиција за филм.

Таа истакна дека морале да прават т.н. тестови за хемија со различни актери каде што е нормално да се бакнуваат други луѓе за да се открие кој најмногу одговара на бараната улога.

„Тоа е всушност најлошиот начин за тоа. Мислев дека нешто не е во ред со мене бидејќи не бев возбудена, мислев дека е одвратно“, објасни таа.

„Бев толку млада и многу свесна за фактот дека може да изгубам сè ако ме означат како 'тешка', па се преправав дека сум возбудена и продолжував да работам. Тоа не беше игра на моќ. Никој не се обидуваше да биде грозен или да ме повреди. Беше многу поинакво време, но денес подобро знаеме“, истакна актерката, но не сакаше да прецизира за која улога станува збор.

На почетокот на нејзината кариера, Ен Хатавеј глумеше во „The Princess Diaries“, „Ella Enchanted“, „Brokeback Mountain“, „The Devil Wears Prada“, „The Dark Knight Rises“ и „Les Miserables“, кој ѝ донесе Оскар.

Инаку, Хатавеј неодамна беше во улога на продуцент на филмот „The Idea of ​​You“, во кој ја игра и главната улога. Вели дека го променила процесот на кастинг за машката главна улога со тоа што го замолила секој актер да избере по една песна за која смета дека ќе одговара на нивниот карактер, а потоа да танцува за да види како им оди.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Филм & ТВ

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе