Гулабарник или ЕУ?

Словачки пратеник во Европскиот парламент вчераа го привлече вниманието пуштајќи жива птица од бината по неговиот говор. Како што рече, тоа го направил во знак на мир во светот.

На збунетост и изненадување на присутните членови во Стразбур, Мирослав Радачовски, лидерот на десничарската словачка партија Патриот, посегна во торбата што ја имаше под јакната и го пушти гулабот да одлета во собраниската сала.

Тој рече дека „сака мир за целиот свет, за Русите и Украинците“.

„Би сакал да го ослободам овој гулаб како симбол на мирот, да симболизирам дека на Европа и треба мир. Да дозволиме овој гулаб да нè обедини сите“, рече Радачовски.

Remote video URL

Сепак, иако сакаше да ги обедини присутните, некои ги згрози.

Каролин Руз, француска пратеничка во Европскиот парламент од редовите на Зелените, го критикуваше велејќи дека користел живо животно за да даде политичка изјава, што е спротивно на правилата на парламентот.

„Тој употреби животно, скриено во неговата торба како едноставен предмет, само за да даде изјава за мир денес. Што ќе направите за да го вратите ова животно, господине? Каде е благосостојбата на животните во гестот на овој говорник? Сметам дека ова е апсолутно неприфатливо“, рече Руз.

Додека птицата леташе низ ходникот, друг колега го праша Радачовски: „Можеш ли да ја фатиш?“

Јан-Кристоф Отјен, заменик-претседател на парламентот, рече дека инцидентот ќе биде пријавен кај претседателот на домот, додавајќи: „Се надеваме дека животното ќе биде добро“.

 

реклама

Свет

СЗО: До 2025 година ќе склучиме глобален договор за пандемиите

Read more

Адвокатката на Трамп: Ништо не се менува, тој останува во трката за Белата куќа

Read more

Масовен руски напад врз енергетски капацитети во Украина

Read more

Дали Доналд Трамп може да биде претседател иако е осуден?

Read more
 

Вести

Деспотовски: Оние што ќе изгубат на изборот за претседател на СДСМ да се обврзат дека нема да прифаќаат функции

Читај повеќе

Мицотакис очекува Мицкоски да користи Северна, прашањето ќе го покрене на Самитот на НАТО

Читај повеќе

Убиство во Боговиње – убиецот ја застрелал жртвата, а по 15 минути бил фатен од полицијата

Читај повеќе

Со автомобили удрени 3 пешаци за еден ден – едниот од возачите побегнал од местото

Читај повеќе

СЗО: До 2025 година ќе склучиме глобален договор за пандемиите

Читај повеќе
  • play_arrow

Адвокатката на Трамп: Ништо не се менува, тој останува во трката за Белата куќа

Читај повеќе

Сончево време, попладне наместа со дожд и грмежи

Читај повеќе

Голема полициска акција во Скопје за дрога: приведени 28 лица, двајца се во притвор

Читај повеќе

Градски паркинг од денеска со летно работно време на паркинг зоните

Читај повеќе