Интервју со Enroll – победничката идеја на Startup Weekend Skopje 2022

Неодамна Скопје повторно беше домаќин на глобалниот настан за млади претприемачи и иноватори - Startup Weekend. После 54 часа интензивна работа стручното жири составено од експерти во разни области ја избра победничката идеја. Оваа година, тоа беше идејата на петмината млади претприемачи Димитар Бежановски, Ненад Кајгана, Благоја Тодоровски, Ангела Јаневска и Галена Миленковска. Овие млади претприемачи го претставија решението за креирање на платформа која поефикасно ќе ги поврзе вработените во една голема компанија кои имаат слични интереси со колегите од други департмани. Нивната главна цел е да обезбедат подобро вмрежување на вработените во една компанија, а со самото тоа и градење на една подобра и поздрава компаниска култура.

Се сретнавме со победничкиот тим да продискутираме за нивното искуство од Стартап Викенд Скопје како и да ги дознаеме нивните идни планови.

Пред сè, честитки за победата со желба за понатамошен успех! За почеток, дали би сакале да им се претставите на нашите читатели и да кажете нешто повеќе за вас? 

Ви благодариме! Ние сме тимот Enroll. Студенти сме на факултетите ФИНКИ и ФЕИТ, а исто така и работиме во ИТ компании паралелно со факултетот. Нашата идеја е платформа за вмрежување на вработени во дадена компанија преку тим билдинзи и настани. Повеќето не се знаевме и спонтано се запознавме на Startup Weekend. Ние сме студенти што сакаат да креираат решенија за актуелни проблеми.  

Нашите читатели би сакале да знаат нешто повеќе и околу самата идеја на Еnroll. Која е вашата мисија што сакате да ја постигнете?

Ние сакаме да го подобриме вмрежувањето во големите компании. Проблематично е кога имате колеги во други тимови и департмани, па не ги знаете доволно. Нема погоден начин за добро да се запознаете со другите колеги освен ако некој од менаџмент не организира тим билдинг. Со Enroll, колегите ќе ги иницираат настаните. Ќе имаат определен буџет за настани кои можат да го користат и со тоа ќе можат да си организираат настани кога им одговара нив најдобро. Некој колега ќе сака да оди на paintball. Ќе креира настан на платформата и сите заинтересирани колеги ќе му се придружат. Со Enroll, сите работи поврзани со тим билдинзи и настани ќе се на едно место и ќе може многу лесно да се вмрежуваат колегите меѓу себе. Исто така компаниите ќе добијат попусти за местата каде што ќе се организираат тим билдинзи преку нашата платформа.

Која беше вашата инспирација да креирате една таква платформа? Дали можеби идејата е поттикната од ваше лично искуство? 

Повеќето од нас сме се соочиле со проблем каде што не ги знаеме колегите од другите тимови или департмани. Работиме во иста компанија, но сепак не се знаеме. Се случило со колеги од други тимови кои случајно сме ги запознале да имаме многу заеднички интереси. Навистина е штета да не се знаат колеги меѓусебе во иста компанија. Проблем е исто така бидејќи треба да се чека за некој од менаџмент да организира тим билдинг. Сите имаат различни интереси и тешко е да се погоди тематиката на тим билдингот да е компатибилно со сите колеги. Со Enroll сакаме да го решиме овој проблем. Тим билдингот ќе го иницираат колегите со креирање на на настан во платформата според своите интереси. 

За време на настанот неуморно и фокусирано работевте на вашата идеја. Исто така несебично бевте поддржани и од менторите кои беа присутни таму. Колку всушност менторските сесии ви помогнаа во реализацијата на вашата идеја?

Почнавме со груба верзија од идејата која во текот на настанот ја додефиниравме. Менторските сесии беа доста клучни за да се прецизира идејата, особено кај бизнис моделот. Сите ментори беа експерти во својата област.

Кој беше вашиот мотив да се пријавите на еден ваков настан и какви искуства носите со себе сега откако помина сè? 

Стартап настани се секогаш интересни. Имате можност да развиете бизнис идеја. И побитно, имате можност да запознаете луѓе кои имаат исти цели како вас. На настани како стартап викенд ќе стекнете нови пријателства и ќе сретнете луѓе со кои ќе соработувате со години. Ние сме многу задоволни од настанот се здобивме со нови знаења, пријателства и искуства.

Дали повторно би се пријавиле на настанот со нова идеја и дали би го препорачале на вашите пријатели? 

Настанот е одлична можност за развивање на идеи, би се пријавиле пак доколку имаме нова идеја. Но, сепак главниот фокус ќе е развивање на Enroll. Настанот секако дека ќе го препорачаме на пријателите. Сметаме дека е супер можност. 

Што може да очекуваме од тимот на Enroll во блиска иднина? Кои се вашите следни чекори после победата на Startup Weekend Skopje?

Во моментот сме во фаза на развивање на MVP кое ќе ги има иницијалните функционалности на нашата платформа. Ќе споделиме на социјални медиуми кога ќе имаме спремен MVP. Очекувајте нешто интересно наскоро!

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Интервју

КАЈГАНА ЕКСКЛУЗИВА со Срѓан Драгојевиќ: Од поезија до филм и учеството на Саем на книга во Скопје

Read more

Дарија Андовска, деканка на ФМУ: Интелектуалецот треба и мора да биде општествено ангажиран

Read more

Монументалната архитектура како уметничка скулптура низ објективот на Ерина Богоева

Read more

Надија Реброња: Во Скопје се шета по ритамот на музиката на уличните музичари, а низ Вардар тече поезија

Read more
 

Ново

  • filter

18 мај 1804, Наполеон бил прогласен за император

Читај повеќе
  • filter

Древните цивилизации на Анадолија

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе