Кошаркарите на Минесота Тимбервулвс веќе во првиот натпревар од полуфиналето на Западната конференција го изненадија шампионот Денвер Нагетс победувајќи го со 106:99 и му ја одзедоа предноста на домашниот терен.
Првото име на победата на Минесота во Денвер беше Ентони Едвардс со 43 поени, 7 скока и 3 асистенции, а ова му беше трет меч во кариерата со најмалку 40 поени во плеј-офот.
Едвардс веќе во првото полувреме постигна 25 поени, а во четвртата четвртина играта ја презеде резервниот центар Наз Рид, кој постигна 14 од сите 16 поени во последната четвртина.
Карл-Ентони Таунс додаде 20 поени, Мајк Конли постигна 14 со 10 асистенции, а Руди Гобер6 имаше 6 поени, 13 скока и 3 блокади.
Од другата страна, Никола Јокиќ го заврши натпреварот со 32 поена, шутирајќи само 11/25, а остана на 8 скока и 9 асистенции. Но, имаше и дури 7 загубени топки, кои гостите речиси редовно ги казнуваа во контранапади.
Инаку, вториот натпревар од серијата, повторно во Денвер, ќе се игра ноќта од понеделник кон вторник во 4:00 часот по средноевропско време.