Јовески: Лицата кои беа примени на Академијата за судии покажаа резултати

Државниот обвинител Љубомир Јовески не гледа причина да се фрла сомнеж врз изборот на синот на спикерот на Собранието, Талат Џафери, и сопругата на шефот на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Ислам Абази, за обвинители, потенцирајќи дека тие со успех ја завршиле Академијата за судии и јавни обвинители.

– Лицата кои ги спомнувате учествувале на огласот за упис во Академијата на судии и јавни обвинители на кој има многу строги критериуми, покажале соодветни резултати и биле примени во Академија, со успех ја завршиле и според тоа јас апсолутно не гледам никаква причина да се фрла сомнеж на овие млади луѓе. Вчера беше нивната промоција во салата на Врховниот суд. На овие млади луѓе им ја предочив одговорноста со која се соочуваат и носењето на судскиот и обвинителскиот товар, изјави Јовески.

Според него, на овие луѓе треба да им се даде шанса затоа што имаат завршено соодветно образование и ги исполнуваат сите законски услови за да можат во соодветна постапка да бидат избрани за судии и јавни обвинители.

– Тие сѐ уште не се избрани. Советот на јавни обвинители имаше распишан оглас, јас немам податок кој се има јавено на овој оглас, вчера разбрав дека Судскиот совет распишал оглас за пополнување на празни места во судовите во државата, рече Јовески.

Во однос на истрагата за ископаниот тунел во затворот „Идризово“, Јовески рече дека се постапува, а заради фазата во која се наоѓа постапката, сите дејствија што Обвинителството и другите надлежни органи ги преземаат, во овој момент не може да се соопштат.

За предметот што го отвори ЈО за надзорот на Коридорите 8 и 10Д, Јовески рече дека Обвинителството во моментов ги презема јавно обвинителските потребни дејствија, а повеќе информации најави кога ќе можат да се соопштат дејствијата што ги преземаат.

реклама

Како правилно да ги перете белите алишта?

Read more

Ставањето тоалетна хартија во фрижидер повторно е во тренд

Read more

5 намирници богати со јаглени хидрати што треба да ги јадете ако сакате да ослабете

Read more

Вообичаена возачка навика покажува дека лицето можеби е психопат

Read more

Македонија

Сончево време, попладне наместа со дожд и грмежи

Read more

Градски паркинг од денеска со летно работно време на паркинг зоните

Read more

Стоилковски: 12-те директори на Хирургија да кажат колку операции и зафати се откажани во овие 15 дена

Read more

Деспотовски ќе се кандидира за претседател на СДСМ: Потребен е натпревар на идеи, а не пазарење

Read more
 

Вести

Сончево време, попладне наместа со дожд и грмежи

Читај повеќе

Голема полициска акција во Скопје за дрога: приведени 28 лица, двајца се во притвор

Читај повеќе

Градски паркинг од денеска со летно работно време на паркинг зоните

Читај повеќе

Почина скопски таксист: Возејќи патник на Словенечка доживеал срцев удар

Читај повеќе

Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Читај повеќе

Враќање во иднината: 40 средношколци од различни градови викендов ќе работат на креативно изразување на ставовите преку видеа, графити, музика и облека

Читај повеќе
  • play_arrow

Масовен руски напад врз енергетски капацитети во Украина

Читај повеќе

Стоилковски: 12-те директори на Хирургија да кажат колку операции и зафати се откажани во овие 15 дена

Читај повеќе

Деспотовски ќе се кандидира за претседател на СДСМ: Потребен е натпревар на идеи, а не пазарење

Читај повеќе