Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

А.С.
/ 25.04.2024 / 08:49

Појадокот е познат како најважниот оброк во денот, но понекогаш може да предизвика лошо варење ако не јадеме урамнотежена исхрана.

Многу луѓе посегнуваат по слатките опции за појадок, а некои дури и целосно го прескокнуваат, што не влијае добро на телото.

Диететичарката Џеси Федер и личниот тренер Ендрју Вајт ги издвоија најчестите грешки кои многу луѓе ги прават додека појадуваат без воопшто да се свесни за тоа.

Овие грешки може да доведат до надуеност, проблеми со цревата, па дури и да предизвикаат сало на стомакот.

Конзумирате премногу шеќер за појадок

Јадењето премногу шеќер за појадок може да има негативни ефекти врз здравјето на дигестивниот систем, здравјето на цревата и управувањето со тежината. Започнувањето на денот со сладок појадок како засладени житарки, јогурт со вкус или колачи доведува до ненадеен скок на нивото на шеќер во крвта, но и до ненадеен пад.

Федер истакнува дека консумирањето житарки со висока содржина на шеќер може да „предизвика сало во стомакот, надуеност и проблеми со цревата. Високата содржина на шеќер може да доведе до воспаление и да ги наруши цревните бактерии“.

Како пример за добар појадок, Вајт препорачува здрав појадок кој „вклучува протеини, здрави масти и влакна. Размислете за овесна каша со јаткасти плодови и семки или јајца во комбинација со леб од цело зрно и авокадо“.

Не јадете доволно протеини

Протеините играат клучна улога во тоа да се чувствувате сити. Ако не јадете доволно протеини, веројатно ќе се чувствувате гладни веднаш по појадокот и ќе јадете често во текот на денот.

Ова може да предизвика надуеност и непријатност бидејќи телото се бори да свари повеќе храна отколку што му е потребно.

Вајт тврди дека „несоодветниот внес на протеини за време на појадокот може да не ги стимулира хормоните за ситост, што доведува до прејадување и потенцијално зголемување на телесната тежина“.

Тој препорачува да вклучите храна како грчки јогурт, смути со протеински прав или јајца во појадокот.

Пребрзо го јадете појадокот

Многу луѓе често грешат да појадуваат брзо наутро и да не ја џвакаат правилно храната што ја јадат. Вајт тврди дека џвакањето е многу важно за нормално варење.

„Пребрзото јадење може да доведе до голтање воздух, што придонесува за надуеност. Исто така, може да ве спречи целосно да ја разградите храната, предизвикувајќи непријатност во цревата и намалена апсорпција на хранливи материи“, истакнува тренерот.

Брзајќи, многумина прават лош избор за појадок како печива, засладен јогурт и гранола барови кои се богати со шеќер. Редовното јадење на таква храна може да придонесе за зголемување на телесната тежина и недостаток на хранливи опции за појадок, известува She Finds.

За појадок јадете премногу влакна

Влакната се од суштинско значење за здравјето на дигестивниот систем и можат да помогнат во управувањето со тежината, но консумирањето премногу од нив може да го оптоварува дигестивниот систем, особено ако телото не е навикнато на храна богата со влакна.

Вајт истакнува дека „конзумирањето многу влакна наутро, особено од преработена храна како житарици или растителни влакна, може да го стресе вашиот дигестивен систем доколку тоа не е редовен дел од вашата исхрана“.

Експертите препорачуваат постепено зголемување на внесот на влакна и рамномерна распределба во текот на денот. Како природен извор на влакна, тие препорачуваат зеленчук, овошје, цели зрна и мешунки.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Фит

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Read more

Каде најчесто грешиме со јадењето протеини?

Read more

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Техника на пешачење со која се топат повеќе калории

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе