Како да си ги вратите фотографиите што случајно сте ги избришале од телефонот?

Случајно избришавте важни слики од вашиот телефон? Не е важно дали користите Android или iPhone, ова се чекорите што можете да ги преземете.

На сите ни се случува да избришеме од смартфонот нешто што не сме го сакале, но особено тешко ни е да изгубиме многу важни слики поради информациите што се на нив или некои драги моменти што сме сакале да ги зачуваме. За среќа, во зависност од тоа кога е избришана фотографијата и на кој начин, веројатно не е сè изгубено, бидејќи има одговор на прашањето како да ги вратите избришаните слики.

Најдобро од сè - не е важно дали користите уред со Android или iPhone бидејќи процесот на враќање на избришаните фотографии е многу едноставен и речиси ист. Значи, да видиме што треба да се направи во случај скапоцените слики повеќе да ги нема.

Како да ги вратите избришаните слики ако имате телефон со Android?

Производителите знаат дека случајното бришење фотографии е проблем што ги мачи многу корисници. Токму поради ова, Samsung, Xiaomi, Huawei и други производители на Android телефони имплементираа решение во нивните галериски апликации со кое избришаната фотографија не се брише веднаш, туку само се преместува во „албум со избришани слики“, каде што ќе се чува одредено време, а најчесто тоа е период од 30 дена.

Значи, доколку во тој период забележавте дека некоја фотографија недостасува и сакате да ја вратите, подолу ќе ви ја прикажеме постапката за три различни марки на телефони, со придружни слики од секој чекор.

 

Враќање на избришани слики на телефон Samsung

Отворете ја галеријата

Отворете го менито со три цртички/точки во долниот десен агол

Изберете Trash (икона за канта за ѓубре)

Најдете и отворете ја фотографијата што ја барате

Изберете ја опцијата Restore.

 

Враќање на избришаните слики на телефон Xiaomi

Отворете ја галеријата

Влезете во Albums

Отворете Deleted items (икона за корпа за отпадоци)

Најдете и отворете ја фотографијата што ја барате

Изберете ја опцијата Restore.

 

Враќање на избришаните слики на телефон Huawei

Отворете ја галеријата

Влезете во Albums

Отворете Recently deleted (икона за корпа за отпадоци)

Најдете и отворете ја фотографијата што ја барате

Изберете ја опцијата Restore.

Како што веќе рековме, постапката е речиси идентична и многу лесна, без оглед на брендот на телефонот што го користите, а успехот во враќањето на сликите на овој начин зависи исклучиво од тоа колку време поминало откако сте ги избришале.

Како да ги вратите избришаните слики ако имате iPhone?

Исто како и на уредите со Android, процесот на враќање на избришаните слики на телефоните на Apple е многу лесен и може да се направи директно од галеријата или апликацијата Photos - се додека сликите се избришани во претходните 30 дена. Постапката е како што следува:

Отворете ја апликацијата Photos

Влезете во Albums

Скролајте до крај и изберете ја опцијата Recently deleted

Најдете и отворете ја фотографијата што ја барате

Изберете ја опцијата Restore.

Google Photos како решение

Во текстот погоре објаснивме како да ги вратите фотографиите што сте ги избришале во галеријата во претходните 30 дена. Меѓутоа, што да направите ако поминале повеќе од 30 дена или сте го ресетирале телефонот на фабрички поставки и сте заборавиле да ги зачувате сликите? Ова е веќе проблем кој може да биде исклучително лесен за решавање, но и невозможен. Па, да видиме дали има надеж повторно да ги видите фотографиите што ги избришавте.

Спасот се вика Google Photos, а успехот на целата „операција“ зависи исклучиво од тоа дали сте имале контакт со оваа апликација. Всушност, ако сте ја отвориле само еднаш, дури и случајно, а потоа сте ја одбрале опцијата „Back up“, оваа апликација ги зачувала сите ваши слики што некогаш сте ги направиле. Таа обично го прави тоа во позадина, додека вашиот телефон се полни. Затоа, веднаш отворете Google Photos и проверете дали ги има зачувано фотографиите што ги барате.

Важно е да се напомене дека Google Photos е веќе инсталиран на речиси секој телефон, а некои производители дури и го користат како стандардна апликација за галерија. Сепак, ова не е случај ако користите уред Huawei или iPhone, па овој метод нема да ви помогне доколку самите не сте ја инсталирале и конфигурирале апликацијата.

Дополнително, ако производителот на вашиот телефон користел Google Photos како стандардна апликација за галерија, а вие рачно избришавте фотографија што сега сакате да ја вратите, во исто време сте ја избришале и од серверите на Google и нема начин да ја вратите ако поминале повеќе од 60 дена. Доколку тој период не поминал, рачно избришаните фотографии се наоѓаат во делот Library, односно во албумот за бришење Bin.

Сè друго е научна фантастика

Ако враќањето на сликите преку галеријата не функционираше, а не успеавте да го направите тоа со помош на апликацијата Google Photos, постои голема веројатност вашите слики да бидат изгубени засекогаш. Шансите за враќање на фотографиите се астрономски мали во оваа фаза, бидејќи треба да исполните еден од следниве услови:

1. Да сте ги снимиле сликите на microSD картичка

2. Вашиот телефон е да е root-иран

Денес, сè поретко е да се видат луѓе кои користат microSD картички во своите телефони, а се сомневаме дека и вие сте еден од нив. Ако грешиме и ако сте избрале вашите слики да се снимаат на картичката, волшебникот за обновување на податоци EaseUS може да ви помогне, но ви треба компјутер и читач на картички, а успехот не е загарантиран.

Ако е реткост да се видат microSD картички во телефоните, уште поретко е да се види телефон кој е root-иран, односно чии системски датотеки се отклучени. Некогаш root-ирањето беше популарно за корисниците да додаваат функции на својот телефон што Android ги нема, но како што оперативниот систем созреваше, оваа постапка ја изгуби популарноста. Ако случајно сте поминале низ комплициран процес на root-ирање, постои можност апликација како DiskDigger photo recovery да ви помогне. Ако тоа не е случај, се плашиме дека последователното root-ирање нема да ви помогне, бидејќи оваа постапка обично го враќа телефонот на фабрички поставки и засекогаш ги брише старите датотеки.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Мобилни

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Read more

Tи се игра „змија?“

Read more

Kои се најпродаваните телефони во првите три месеци од 2024 година?

Read more

Веќе кружат гласини: Apple ќе го претстави iPhone 17 Slim во 2025 година

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе