Кон македонскиот филм „Копање“: Колку длабоко сте подготвени да копате?

Снимањето филмови е скапа играчка, вели Ивица Димитријевиќ, еден од режисерите на новиот македонски долгометражен филм „Копање“, но како гледач ќе му одговорам - филмот како уметничка форма е најутробната илузија во која свесно и ревносно влегуваме и не прашуваме за цената.

Филмот работен по истоимената драмска претстава на германскиот драматург Кристијан Винклер, излезе низ платното, преку археолошки слоеви душевно копање, и ги разоткри фосилите на нашето колективно и интимно сеќавање.

„Копање“ се снимаше по принцип „направи сам“ и без непотребно тапкање по рамо на режисерско-продуцентскиот двоец Димитријевиќ и Мартин Иванов за ваквиот подвиг, со задоволство може да се констатира дека на минималистичката естетика на филмот ѝ годи аскетизмот во технички поглед. Чистите кадри и избројаните локации ѝ оставаат простор на приказната да се развива необременето од стилизирање.

Ваквото лишување од декоративност, како и дозата на театарско, но во никој случај не театрално, портретирање на ликовите, на моменти потсетуваше на шармантниот аскетизам во „The Sunset Limited“ (2011), благодарение на генијалните изведби на Димитријевиќ со целата момчешка збунетост на неговиот лик распнат како мост меѓу два брега, Гораст Цветковски чии молчења се подеднакво моќни колку и неговите реплики, и Александар Ѓорѓиески, чиј пркос ја внесува доволната доза на динамичност и на моменти потребна комична оддишка. Музиката на Горан Трајковски маестрално ги исполнува недоречените тишини меѓу дијалозите.

Филмот отвора три нивоа на гледање:

Во првото, наивно го чекате наративното образложение на ликовите за нивното судбинско губење и наоѓање, заедно со нив ја одите тенката линија на гневот, се надевате на каењето и го игнорирате еротскиот набој.

Во второто во себе ги одговарате отворените суштински прашања за пријателството, загубата, верноста, блискоста, отуѓувањето, простувањето, осудувањето, создавањето и преживувањето; копате подлабоко, барајќи го своето место во светот, оној во себе и вон себе, и се надевате дека нема да наидете на вода, тука среде полната киносала...

За на крај да го отворите третото ниво - на љубовта - и да ги преиспитате сите, дури и оние навидум безначајните, врски со луѓето кои поминале низ вашиот живот и да се прашате дали вашата улога во нивната приказна било она замавнување на крилјата на пеперутката што предизвикува нечие цунами.

„Копање“ е филм што несомнено ќе ве издлаби за време на 67-те минути, археолошки ќе ве подели на слоеви и ќе ве остави да ги анализирате најдените фосили уште долго време. Филмот од утре, 8 март, 2018, игра на редовниот репертоар на Cineplexx и топло препорачувам да го погледнете, подготвени да ископате малку подлабоко во себе.

 

 

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Рецензии

КАЈГАНА рецензија: Зошто (не) треба да го гледате Leave the World Behind на Netflix?

Read more

КАЈГАНА ПРЕПОРАКА: Зошто треба да го гледате Barbie?

Read more

And Just Like That: Очајнички обид да се биде релевантен по „Сексот и градот“

Read more

Кон „ТМ“ на Димитријевиќ и Иванов: Подржи ми го егзистенцијалниот немир

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Џереми Кларксон го обожаваат мажените Британки, го изгласаа за најсекси маж во светот

Читај повеќе

Џеј Ло и Бен Афлек се пред развод: Таа не може да го контролира, а тој не може да ја смени

Читај повеќе

Во тек е конкурсот за наградата „Милан Младеновиќ 2024“

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како изгледа денес убавицата од оригиналниот Top Gun од 80-тите?

Читај повеќе

Николас Кејџ ќе стане Marvel суперхерој

Читај повеќе
  • play_arrow

Втор трејлер за новата сезона на House of the Dragon

Читај повеќе
  • filter

Роуз Бертрам победи во категоријата најдлабоко деколте во Кан

Читај повеќе
  • play_arrow

„Исплива“ видео: Дали победата на Немо на Евровизија беше наместена?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џим Кери за еден од неговите најпопуларни филмови: Сценариото беше ужасно!

Читај повеќе