Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

ЦУК информира за невообичаена и како што велат, специфична ситуација за решавање на итен случај на 112, кога куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли па без интернет биле дел од ПЗУ „Филип Втори“ и цела Поликлиника „Букурешт“, а мајсторите не можеле веднаш безбедно да интервенираат.

Кучето кое вчера паднало во шахтата ги изгризало оптичките кабли на „Македонски Телеком“ и без интернет од утрово, од околу 8 часот, останале дел од ПЗУ „Филип Втори“ и цела Поликлиника „Букурешт“ во Скопје. Но, по јавувањето на 112 во ЦУК, специфичната невообичаена ситуација почнала да се решава, при што вработените од Телеком не можеле безбедно да пристапат за решавање на дефектот во шахтата.

Дежурните од Секторот Е-112 и секторот СОК во ЦУК, бидејќи бил неработен ден не можеле да стапат во контакт со ЈП „Лајка“ од Скопје, па, покрај предвидените оперативни процедури, го премостиле проблемот. Тие ги поврзале активистите на Граѓанска иницијатива „Кане Корзо“ со вработените од Телеком за понатамошна заедничка постапка.

Потоа, кога завршило успешно и безбедно вадењето на кучето од шахтата, вработените од „Телеком“ се симнале и безбедно почнале да работат на отстранување на дефектот.

Не се знаело колку време кучето било паднато во шахтата, тоа било безбедно извадено и згрижено од активистите, информираат од ЦУК.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Хроника

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Read more

Екстрадиран Бесим Красниќи

Read more

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Read more

Запленети 4,8 килограми злато при влез на автобус на ГП Богородица

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе