Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Лука Модриќ добива сè поголема доверба од Карло Анчелоти во Реал и сите фанови на кралскиот клуб чекаат да слушнат дали хрватскиот магионичар ќе остане во главниот град на Шпанија, иако на почетокот на сезоната веќе сакаа да се збогуваат од него.

38-годишниот Модриќ на почетокот на сезоната не добиваше голема минутажа и неговата улога во Реал беше спорадична.

Сепак, како што сезоната се приближува кон крајот и како што доаѓаат сè поважни натпревари, Модриќ игра сè поважна улога во тимот, а тоа може да значи само едно - дека Лука ќе го продолжи договорот со Реал на уште една сезона, иако ниту тој, ниту клубот не даваат никакви информации поврзани со нивното евентуално продолжување на соработката.

Сепак, дури и Реал да не му понуди нов договор, Модриќ веќе има подготвен „план Б“.

Интерес за Модриќ веќе пројавија Динамо, Интер Мајами, Целје и клубови од Саудиска Арабија, но тој сака да продолжи да игра во Лигата на шампионите, а тоа ќе му биде понудено во случај да замине од Реал.

Имено, италијанскиот TuttoMercato тврди дека Јувентус е заинтересиран да го доведе Модриќ и ќе му понуди договор во случај да замине од Реал.

Јувентус е познат по тоа што сака искусни играчи и не се откажува така лесно од нив, па Модриќ секако би добил соодветна минутажа и можност да игра за друг европски гигант во Лигата на шампионите.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе