Најдобрите снимки со поларни мечки во 2020

Белата мечка (Ursus maritimus), позната и како поларна мечка е мечка која живее во областа на Северниот Пол. Таа е најголемиот сувоземен месојад на светот, бидејќи мажјаците најчесто тежат 300 - 600 кг, а женките пола од тоа. Крзното ѝ е прозрачно, но изгледа како бело или кремасто, со што му обезбедува на животното добра камуфлажа. Кожата ѝ е всушност црна. Дебелото сало и крзно ја изолираат од студот. Има кус опаш и мали уши, што ја намалува загубата на топлина. Има и релативно мала глава и долгнавесто тело, што ѝ дава брзина при пливањето. Белата мечка е полу-воден цицач, прилагоден на живот на копно, море и мраз, и е врвен месојад во нејзиниот животен простор. Се храни главно со фоки, млади моржови и китови, но всушност, ќе изеде сè што може да улови.

Белите мечки се ранлив вид со висок ризик за исчезнување поради прекумерниот лов и поради исчезнувањето на нивниот природен хабитат, што доаѓа како резултат на топењето на мразот на Северниот Пол. Зоолозите и климатолозите веруваат дека популацијата на белите мечки ќе се намали на една третина од сега до 2050 година. Во речиси сите земји од регионот на Северниот Пол белата мечка е прогласена за загрозен вид и е заштитена со закон.

Погледнете ги најдобрите моменти со поларни мечки што ги уловија камерите на BBC Earth.

реклама

Наука и технологија

Како туната од морските длабочини стигнува до нашите чинии?

Read more

Армија краби штитат робот од раи

Read more

Древни напредни цивилизации за кои веројатно ретко кој слушнал

Read more

Најопасното оружје во светот сепак не е нуклеарното

Read more

Нови видеа

play_arrow

15 најмистериозни подводни аномалии

Read more
play_arrow

Топ 15 најстрашни туристички атракции

Read more
play_arrow

Топ 20 мегапроекти што ќе бидат завршени во 2024 година

Read more
play_arrow

Каде најчесто грешиме со јадењето протеини?

Read more
play_arrow

Подемот и падот на првиот вегански фудбалски клуб

Read more
play_arrow

Топ 15 најморничави напуштени градови

Read more
play_arrow

Кружен ток не е за секој

Read more
play_arrow

15 најмистериозни езера во светот

Read more
play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Read more
play_arrow

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more
play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Read more