Обемно долгогодишно истражување покажа дека несоницата (инсомнија) е многу опасна по здравјето и предизвикува мозочни и срцеви удари.
Резултатите исто така покажаа дека овој ризик е малку поголем кај жените отколку кај мажите.
Истражувањето што траело 30 години и биле вклучени 160.000 луѓе, утврдило дека лошиот квалитет на сонот, како и недостигот на сон имаат катастрофални последици по здравјето.
Милиони луѓе патат од несоница, а во Германија дури една третина од популацијата страда од инсомнија.
Авторот на истражувањето Ќијао Хе од Мандаринскиот универзитет во Шангај истакнува дека спиењето зазема една третина од човековиот живот и дека сонот е важен за биолошко опоравување на организмот.
Модерниот начин на живот придонесува да расте бројот на луѓе кои се жалаат од несоница.
Симптомите за инсомнија се тешкотии при заспивањето, тешкотии во одржувањето на подолг, цврст сон, како и будење среде ноќ или многу рано наутро.
Авторите на истражувањето објавено во Европскиот журнал за превентивна кардиологија ги анализирале резулаттите од обемното истражување и утврдиле поврзаност помеѓу несоницата и појавата на мозочни и срцеви удари.
Ризикот растел од 11 до 27 отсто, но не е сосема јасно што точно го предизвикува.
Претходни истражувања покажале дека инсомнијата може да го промени метаболизмот и функцијата на ендокрините жлезди, да ја зголеми симпатетичката активност на кардиоваскуларниот систем и да го зголеми срцевиот притисок.
Кај жените овој ризик е благо повисок во споредба со мажите.
Разликите не се толку значајни за да се тврди дека несоницата е поопасна за жените, туку дека жените се повеќе склони поради генетските разлики, хормоните, стресот и реагирањето на стрес.