Објавена книгата Македонската книжевна жена од Ирина Тумбовска

Во издание на Центарот за култура и културолошки студии е објавена книгата „Македонската книжевна жена“ од Ирина Тумбовска. Ова е прва книга во која со книжевнонаучен пристап се анализираат женските ликови од современата македонска проза со цел да се издвојат модалитетите на женскоста во македонскиот роман. Но, во исто време, во оваа книга се отвораат и низа други прашања и теми, при што за некои од нив и храбро се отвора полемика.

„Тумбовска успева на страниците на оваа книга, во исто време да се присутни женските ликови од современата македонска книжевност кои му пркосат на времето во кое живеат и се одделуваат од типичната слика за македонската конвенционална жена. Исправувајќи се пред одредени книжевни жени кои „живеат“ во различно време, но на исто место – во Македонија, таа и нас – читателите и нивните создавачи – авторите нè соочува со нив, покажувајќи дека тоа е можно со примена на книжевната теорија. И успева да одговори на предизвикот од кој е произлезена оваа книга – да ги претстави и анализира модалитетите на женскоста во македонскиот роман. Клучно – успева да создаде книжевнонаучна студија која не само што води до нови заклучоци, туку и отвора нови прашања“, истакнува во својата рецензија универзитетската професорка и книжевна критичарка, Весна Мојсова-Чепишевска.

Во оваа книга, за првпат, преку книжевнонаучна студија во исто време се присутни и анализирани женски ликови од романите на Владо Малески, Оливера Николова, Лидија Димковска и Петар Андоновски.

Според уредникот на изданието, Иван Антоновски, значајно е што во својата книга, Тумбовска ја проследува и еволуцијата на жената како лик во современата македонската книжевност – од целосна занеменост до голема гласност.

„Но, особено важно е и што анализирајќи ги модалитетите на женскоста, таа, преку конкретни, и теориски поткрепени размислувања, анализи и тези се обидува да отвори полемика за тоа дали постои разликата меѓу машкото и женското писмо. Тумбовска, за првпат, толку женски ликови од македонскиот роман заеднички ги поставува на книжевнонаучната сцена, за преку неа, тие (одново) да влезат во нашите животи, поттикнувајќи нè на размисла за конкретни прашања кои и излегуваат од просторот на книжевната наука. Затоа, мора да се нагласи дека оваа книга е влог и во македонската културологија“, подвлекува Антоновски.

Во „Македонската книжевна жена“ е присутна и општата слика на човековиот живот, но секое навраќање кон неа во оваа книга е од друг ракурс на гледање преку кој се пренесуваат сите искуства на женските ликови. Колку историјата, околината, времето во кое живеат и професијата со која се занимаваат, влијаат врз создавањето на личноста? Како љубат македонските книжевни жени? Како ги доживуваат првата менструација, губењето на невиноста, првите заљубувања, машките фигури во нивните животи, мајчинството, контактот со самите себеси, со сопствените тела? Како сонуваат, како ги боли, како тагуваат, како се радуваат, што ги поврзува сите нив?

Инаку, ова е прва книга на Ирина Тумбовска, а нејзината првична верзија беше магистерски труд работен под менторство на професорката Весна Мојсова-Чепишевска, одбранет на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ.

„Македонската книжевна жена“ е објавена во едицијата „С/Мисла“ во која претходно беше објавена и дебитантската книга на Моника Илкова, „Книжевна мапа на Скопје“. Книгата на Тумбовска, веќе е достапна за читателите и во книжарниците.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Книги

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Read more

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Read more

КАЈГАНА препорака: Зошто треба да го прочитате крими романот „Нож“ на Ју Несбе?

Read more

Промовирана монографијата 100 години Тиверија

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе