Празници се ближат! Coca-Cola го најавува караванот што го прославува духот на Дедо Мраз во сите нас

Денес Cola-Cola ќе го одбележи почетокот на сезоната на празници на начин што само Coca-Cola може да го направи, со започнување на познатиот Coca-Cola Караван. За многумина, глетката на легендарниот Coca-Cola Караван претставува почеток на сезоната на празници.

Coca-Cola Караванот ќе започне на 15 декември во Скопје, ќе трае 8 дена и ќе посети 4 градови. Годинава, со Coca-Cola Караванот се слави „Дедо Мраз во сите нас“ ‒ основна тема на долгоочекуваната празнична кампања со која се прославува духот на љубезноста и дарежливоста оваа празнична сезона.

Речиси три децении, уште од првиот пат кога осамна на малите екрани со ТВ-реклама кон средината на 90-тите години, Coca-Cola Караванот стана моќна, видлива икона на празничната сезона низ целиот свет. Coca-Cola Караванот во нашата земја ќе се обиде да ги поттикне собирањето на пријателите и семејството и уживањето во празничната забава, секако, со чаша Coca-Cola.

Годинава, Coca-Cola Караванот ќе биде домаќин на нови активности со цел гостите да уживаат додека го разгледуваат новиот Coca-Cola празничен камион за оваа 2023 година. Тука се вбројуваат:

·    Правење селфи со Coca-Cola Караванот и споделување на фотографии на социјалните мрежи;
·    Квиз „Дознај каков Дедо Мраз си“: Оваа година ги повикуваме посетителите да откријат каков тип на Дедо Мраз се, преку дигитален квиз и бесплатна Coca-Cola Zero од 0,5 л;
·    Место за добротворни активности: Посетителите ќе може да го посетат местото за средби со Црвениот крст, да дознаат нешто повеќе за активностите на Црвениот крст и да се вклучат во нивната волонтерска програма; 
·    Оброци: Посетителите ќе може да ја искусат празничната комбинација на оброци со локалниот партнер за оброци „Бистро Комедија“, кој ќе обезбеди празнични верзии на нивните познати менија; 
·    Подароци: Оваа сезона на празници посетителите ќе можат да подарат персонализирано шише Coca-Cola на своите пријатели или партнери/ки;
·    Празнична разгледница: Посетителите ќе може да изработат вистинска разгледница и да им ја пратат на нивните сакани;
·    Одржливост: Места за рециклирање и материјали од рециклирана хартија.

Во текот на оваа сезона на празници, Coca-Cola Караванот ќе застане на следниве дестинации:

•    Скопје ‒ 15 и 16 декември; 
•    Битола ‒ 20 и 21 декември;
•    Охрид ‒ 25 и 26 декември;  
•    Струмица ‒ 29 и 30 декември.

Повеќе информации за дестинациите на Караванот може да најдете на следниов линк.

Црвениот крст исто така ќе биде присутен на Coca-Cola Караванот, со посебно наменет простор каде што ќе ги информира гостите на Coca-Cola Карванот за нивните добротворни активности и донации во земјата.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Промо

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

Read more

Вложениот труд носи сатисфакција

Read more

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Read more

Македонски Телеком e најпосакуван работодавач меѓу телекомуникациските компании во Македонија

Read more
 

Ново

  • filter

18 мај 1804, Наполеон бил прогласен за император

Читај повеќе
  • filter

Древните цивилизации на Анадолија

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе