Секс на прв состанок: Дали е табу тема или се случува почесто отколку што мислите?

За некои сингл луѓе, дури и бакнеж на крај на првиот состанок е премногу, но за други е сосема прифатливо да имаат секс на првата средба со потенцијалните партнери.

Во истражување спроведено на 30.000 сингл луѓе во САД, Велика Британија, Канада и Германија, истражувачите дојдоа до резултат дека 59% од нив се подготвени на сексуален однос на првиот состанок.

Истражувањето покажа дека Германците и Канаѓанките се најлиберални во поглед на тоа како би сакале да заврши првата романтична средба со нов партнер.

Околу половина од испитаничките од Канада, САД и Британија би биле отворени за опцијата да имаат секс на првиот состанок, или 59, 48 односно 40 проценти од нив, по земји.

Мажите се поопуштени по ова прашање: 73 проценти од испитаниците од Британија и 64% од машките испитаници од САД рекле дека не им е проблем да го „заобиколат“ правилото дека треба да се чека најмалку три состаноци пред првиот секс.

Дури 72% од Германците рекле дека им се допаѓа идејата за секс на првиот сотанок, но Германките не се толку расположени за тоа – само 23% би го прифатиле тој предлог.

Апликацијата за наоѓање партнер Jaumo, основана во 2011 година, која го нарача истражувањето, исто така побара испитаниците да одговорат дали би имале незаштитен секс со некој кој не им е редовен партнер.

Резултатите ги изненадиле истражувачите.

Сингл испитаниците од Канада биле најотворени за идејата за секс без заштита  - 65% од мажите и 59% од жените рекле дека без проблем не би посегнале по кондом.

Британските и американските испитаници се веднаш зад нив – 53% од мажите од Британија и 48% од мажите од САД во истражувањето со задоволство би имале секс без заштита, а 41% од испитаниците од Германија го рекле истото.

Жените пак, не биле толку отворени за оваа идеја, особено не испитаничките од Германија.

Само 8% од жените од Германија би имале секс без заштита, во споредба со 37% од Британките.

43% од Американките би имале секс без заштита со некој кој не им е редовен партнер.

реклама

Љубов и секс

Знаци дека траумите од минатото влијаат на вашите врски

Read more

Тест од 10 секунди открива од што се плашите во љубовта

Read more

Дали треба да останете во брак само заради децата?

Read more

Дали уште има емоции во вашата врска?

Read more
 

Магазин

Популарна диета за 23% го намалува ризикот од прерана смрт

Читај повеќе
  • play_arrow

Мечка упаднала во куќа во Калифорнија и излегла со колачиња

Читај повеќе

Вообичаена возачка навика покажува дека лицето можеби е психопат

Читај повеќе

5 намирници богати со јаглени хидрати што треба да ги јадете ако сакате да ослабете

Читај повеќе

Знаци дека траумите од минатото влијаат на вашите врски

Читај повеќе

Храна што може да ја јадете и пред спиење без страв од тегоби

Читај повеќе

Викенд хороскоп од 31 мај до 2 јуни: Месечината влегува во Овен

Читај повеќе

Како правилно да ги перете белите алишта?

Читај повеќе

Што може да се случи во телото ако претераме со внесување калциум?

Читај повеќе