Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Во текот на ноќта се одиграа два натпревари од плејофот за шампионот во НБА, а следното место го обезбедија Индијана и Њујорк.

Индијана на домашен терен го победи Милвоки Бакс со 120:98, а до победата ги предводеше Топин со 21 поен, осум скока и две асистенции, додека Меконел додаде 20 со девет асистенции и два скока. Сијакам мечот го заврши со 19 поени, седум скока и четири асистенции, а Халибартон со 17 поени, десет асистенции и шест скока.

Несмит постигна 15 поени со три скока, а двоцифрен постигна и Нембхард, кој мечот го заврши со 14 поени, пет скока и четири асистенции.

Кај Бакс, Лилард беше најдобар со 28 поени, четири асистенции и два скока, додека Брук Лопес и Портис додадоа по 20. Лопес имаше пет, а Портис 15 скока со две асистенции. Мидлтон и натаму беше двоцифрен со 14 поени, осум скока и три асистенции.

Remote video URL

Пласман во шестиот натпревар обезбеди и Њујорк кој ја победи Филаделфија со резултат 118:115 и се пласира во полуфиналето на Истокот каде ќе игра против Индијана.

Брансон беше фантастичен, постигнувајќи 41 поен со 12 асистенции и три скока, додека ДиВинченцо додаде 23 со седум асистенции и четири скока, а Ануноби го заврши натпреварот со 19 поени и девет скока. Харт постигна 16 поени со 14 скока и седум асистенции, а двоцифрен беше и Хартенштајн со 14 поени, девет скока и две асистенции.

Кај 76-ерс одличен меч одигра и Ембиид кој постигна 39 поени со 13 скока и две асистенции, а го следеше Хилд со 20 поени и четири скока, додека Макси и Оубре мечот го завршија со по 17 поени и пет скока, а Макси имаше и пет асистенции. Батум и натаму беше двоцифрен со 16 поени, седум скока и две асистенции.

Remote video URL
Резултати:

Индијана - Милвоки 120:98

Филаделфија - Њујорк 115:118.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Кошарка

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Read more

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Read more

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Read more

Јокиќ: Јас сум чудо на природата!

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе