ПРЕМИЕР ЛИГА 2023/2024

Возбудливата сезона во Премиершип влегува во завршница - комплетен распоред на водечкото трио

На Арсенал, Ливерпул и Манчестер Сити им остануваат уште само 7 натпревари во бескрајната трка за титулата во Премиер лигата.

Моментално лидер е тимот на Арсенал со 71 бод, исто колку и второпласираниот Ливерпул, но со полоша гол-разлика, додека Манчестер Сити е третопласиран со бод помалку.

Најповолен распоред има Манчестер Сити, додека според моменталната ситуација најтешко би требало да му биде на лондонски Арсенал, кој брилјираше во последните неколку месеци и игра навистина феноменално, што се одрази и на табелата во најсилната лига во светот.

На Сити треба да му биде најтешко во последното коло кога гостува кај Тотенхем, додека Арсенал покрај гостувањето кај Спарс ќе има и гостување на „Олд Трафорд“ против Манчестер Јунајтед како и домашните дуели со Астон Вила и Челси.

Од друга страна, Ливерпул го очекува гостување кај градскиот ривал Евертон, шптоа кај Вест Хем и Астон Вила, како и домашен меч со Тотенхем.

Сѐ на сѐ, нѐ очекува исклучително возбудлив финиш на сезоната, а вреди да се напомене дека во случај на ист број бодови шампион ќе биде тимот со подобра гол разлика.

Интересно, заеднички противници во последните 7 кола на сите три аспиранти за тронот ќе им бидат Вулверхемптон и Тотенхем.

Распоред на Арсенал до крајот на сезоната:
  • Астон Вила (дома)
  • Вулверхемптон Вондерерс (гости)
  • Челси (дома)
  • Тотенхем Хотспар (гости)
  • Борнмут (дома)
  • Манчестер Јунајтед (гости)
  • Евертон (дома)
Распоред на Ливерпул до крајот на сезоната:
  • Кристал Палас (дома)
  • Фулам (гости)
  • Евертон (гости)
  • Вест Хем Јунајтед (гости)
  • Тотенхем Хотспар (дома)
  • Астон Вила (гости)
  • Вулверхемптон Вондерерс (дома)
Распоред на Манчестер Сити до крајот на сезоната:
  • Лутон Таун (дома)
  • Брајтон & Хоув Албион (гости)
  • Нотингем Форест (гости)
  • Вулверхемптон Вондерерс (дома)
  • Фулам (гости)
  • Вест Хем Јунајтед (дома)
  • Тотенхем Хотспар (гости)
Табела:

реклама

Како правилно да ги перете белите алишта?

Read more

5 намирници богати со јаглени хидрати што треба да ги јадете ако сакате да ослабете

Read more

Ставањето тоалетна хартија во фрижидер повторно е во тренд

Read more

Вообичаена возачка навика покажува дека лицето можеби е психопат

Read more

Фудбал

Статива

Read more

Вечерва е финалето во ЛШ: Реал апсолутен фаворит, Борусија подготвена за сензација

Read more

Митровиќ го расплака Роналдо: Ал Хилал со двојна круна во Саудиска Арабија

Read more

7 најлоши одбрани на титула во историјата на фудбалот

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Статива

Читај повеќе

Димитријевиќ се договорил со Олимпија Милано

Читај повеќе
  • play_arrow

Вечерва е финалето во ЛШ: Реал апсолутен фаворит, Борусија подготвена за сензација

Читај повеќе
  • play_arrow

Митровиќ го расплака Роналдо: Ал Хилал со двојна круна во Саудиска Арабија

Читај повеќе
  • play_arrow

7 најлоши одбрани на титула во историјата на фудбалот

Читај повеќе

Ролан Гарос забрани пиење алкохол на трибините

Читај повеќе
  • filter

Мбапе ја купи вилата на Бејл во Мадрид за 11 милиони евра

Читај повеќе
  • play_arrow

Феноменот Дончиќ ја растури Минесота, Далас е во финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јован Манев: Сите сме со една цел, да постигнеме добар резултат

Читај повеќе