Спортските новинари во Англија го избраа најдобриот фудбалер во Премиершип за сезоната 2023/24, а наградата му припадна на играчот на Манчестер Сити, Фил Фоуден (23).
Фоуден, кој може да ги игра сите позиции во напаѓачката половина од тимот, доби 42 отсто од гласовите и заврши пред Деклан Рајс од Арсенал и неговиот тимски колега Родри, кои беа најблиску во трката за наградата.
Фудбалерот на Сити оваа сезона постигна 24 гола во сите натпреварувања и навивачите се поделени околу тоа колку ја заслужува оваа награда.
„Исклучително сум горд што ја освоив оваа награда. Сега сум фокусиран да ја завршам сезоната што е можно подобро и да се обидам да му помогнам на Сити да освои што повеќе трофеи“, изјави Фоуден.
Манчестер Сити моментално е втор во табелата во Премиер лигата, со еден бод помалку од Арсенал и со натпревар помалку.