5 ситуации во кои не треба да се согласите на компромис

Често се наоѓаме во ситуации во кои нашиот партнер сака едно, ние друго, па сме принудени на компромис. Сè за мир во домот. Но, не секогаш можеме да се најдеме на половина пат.

Понекогаш е потребно да се жртвуваме за партнерот и да направиме како што тој би сакал, но треба да бидеме сигурни дека врската е вредна за жртвување. За да се избегне таков пресврт во настаните, важно е да знаете кога треба да се согласите со партнерот, а кога не треба да се согласите на компромис.

Ова се неколку основни ситуации во кои компромисот може да биде опасен:

1. Партнерот го одредува вашиот стил на облекување

Промената на стилот на облекување е нешто што треба да ви укаже на неговите вистински намери. Ако коментира дека сте премногу секси облечена и дека делувате заинтересирано за други мажи, треба да му дадете до знаење дека се дотерувате за себе и дека нема причина за грижа, а уште помалку за љубомора.

2. Ви забранува да имате пријатели

Доколку партнерот цели кон тоа да ви ги уништи односите со пријателите или ви забранува да се дружите со некои луѓе, можеби само претерано се грижи за вас или се плаши да не бидете повредени. Сепак, нема право да ви забранува да комуницирате со луѓето кои ви се драги. Обидете се да му ставите до знаење дека тој ваш пријател е една фина личност или обидете се подобро да ги запознаете, па можеби ќе најдат заеднички јазик. Ако продолжи да прави проблеми со вашите пријатели, тогаш веројатно е време за нов партнер.

3. Инсистира да ја промените работата

Кариерата е важен и составен дел од сечиј живот. Ако партнерот не ве поддржува вас и работата што ја вршите, или уште полошо, ви зборува да се откажете од неа, време е да размислите кон што води оваа врска. Со него го делите животот, плановите, финансиите. Многу е важно да ве поддржува и да ги разбира вашите причини. За почеток, мора да му дадете до знаење дека е тоа нешто што сакате да го работите. Прашајте го што е тоа што го загрижува и зошто не ве поддржува. Доколку и понатаму инсистира и се обидува да ги ограничи вашите одлуки, а пред сè и животните цели, време е да ја прекинете таквата врска.

4. Се меша во вашиот однос со родителите

Паровите се караат за различни работи, а често имаат конфликти поврзани со семејствата. Се случува партнерот да не се сложува со ставовите на вашето семејство и често да е склон кон тоа да се меша во вашиот однос со нив. Трудете се на било кој начин да ги ускладите односите меѓу нив, бидејќи нема причина поради неговото незадоволство да ги рушите семејните мостови изградени со вашето семејство.

5. Се обидува да ве промени вас и вашите навики

Некои врски можат да помогнат да ги увидите вашите грешки и на што може да поработите, но кога некој се обидува целосно да ве промени, тоа е знак дека е време да се спакувате и заминете од неговиот живот. Тоа е знак дека е време да си пронајдете некој на кој ќе му се допаѓате токму таква каква што сте, без да сака да ве промени.

реклама

Љубов и секс

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе