1. Страв
Иако никој не сака некој друг да му чепка по приватните предмети, станува збор за сосема нешто друго доколку тој се плаши да го остави својот телефон без надзор кога е со тебе.
2. Искомплексираност
За мажите кои се несигурни, без разлика дали е тоа во врска со нивниот изглед, своите примања или слично, три пати е повеќе веројатно дека ќе изневеруваат. Со изневерувањето се чувствуваат како поголеми фраери.
3. Нарцисоидност
Нарцисоидните мажи се повеќе склони кон изневерување, бидејќи им недостасуваат сочувствувања, па жените ги гледаат исклучиво како објекти. Тие си се најважни на самите себе, а и сметаат дека имаат право да прават што сакаат.
4. Недостаток на интимност
Доколку твојот партнер бил отсекогаш ладен и тешко давал комплименти и покажувал љубов е различно од тоа доколку одеднаш станал таков. Во вториов случај, веројатно станува збор за проблем.
5. Флерт
Едно е да се биде љубезен, а сосема нешто друго да се флертува со речиси секоја жена која ќе се најде во негово друштво. Тоа не мора да значи дека ќе изневерува, но доколку е зафатен, би требало така и да се однесува.