IGN ги склопи сите трејлери, тизери ТВ спотови и клипови што беа објавени досега за промовирање на долгоочекуваниот филм на Marvel, „Captain America Civil War“. Добивме 7 минути од филмот, што може да ги погледнете подолу.
Како што Капетан Америка и Одмазниците продолжуваат да го штитат светот, владата притиска кон регулација на сите суперхерои - што ќе предизвика конфликт помеѓу хероите, поделувајќи ја групата на два тима. Едните ќе застанат на страната на Капетан Америка, а другите зад Ајрон Мен.
Во „Captain America: Civil War“ ќе ги видиме Крис Еванс, Роберт Дауни Џуниор, Скарлет Јохансон, Себастијан Стен, Елизабет Олсен, Пол Рад, Џереми Ранер, Пол Бетани, Том Холанд и други. Филмот што доаѓа на 5 мај во македонските кина, е во режија на браќата Ентони и Џо Русо.
Погледнете го видеото: