Синоќа се одржа манифестацијата за доделување на овогодинешните Brit Awards, каде беше наградено најдоброто од британската музика. На истите доминираше пејачката Адел, која однесе дома четири врвни награди.
Адел беше номинирана во четири категории, и победи во секоја од нив. Таа ги доби наградите за најдобар албум на годината, најдобар женски изведувач, сингл на годината за „Hello“ и награда за глобален успех.
Најдобра музичка група е Coldplay, деветта ваква награда за овој бенд досега. Најдобар машки соло изведувач е Џејмс Беј, а за најдобра странска музичка група беше прогласена Tame Impala. Наградата за најдобар интернационален машки изведувач ја доби Џастин Бибер, а за женски, Бјорк.
Постхумно му беше доделена награда на Дејвид Боуви, на кого манифестацијата му оддаде посебна почит.
Погледнете го настапот на Адел на манифестацијата: