Американскиот кошаркар Мур починал од природна смрт

Американскиот кошаркар Камерон Мур, кој во вторникот колабираше на тренингот на АВ Охрид, починaл од природна смрт, покажаa резултатите од обдукцијата.

„Се работи за природна смрт која што настапила околу 21.30 на терените на СРЦ ‘Билјанини извори’ во Охрид. Во момент на тренинг на кошаркарскиот клуб, нему му се слошило по што со возило на брза помош бил однесен во општата болница каде била констатирана смрт“, изјави Стефан Димовски, портпарол на СВР Охрид. 

Несреќниот кошаркар, во вторникот, го имал првиот тренинг со својот нов клуб, по едно забивање тргнал да се враќа на својата половина кога колабирал.

Лекарите на итната медицинска помош само ја констатирале неговата смрт.

Камерун Мур е роден на 12 ноември 1990 година во американската сојузна држава Алабама. Четири сезони играл за колеџ екипа, а во 2012 година се пријавил за драфтот, но не бил избран од ниту еден ти. 

Настапувал на летните НБА кампови по што во 2013 година се сели во Европа каде две сезони минува во италијанските клубови Казерта и Венеција. На 3 октомври тој пристигнал во Охрид каде требаше да му се придружи на локалниот кошаркарски клуб Охрид, но неговиот живот ненадејно згасна на првиот тренинг со екипата.

КК АВ Охрид изрази жалење за трагичниот настан и упати сочувство до семејството на американскиот кошаркарски интернационалец.

реклама

Кошарка

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Read more

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Read more

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more
 

Спорт

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе