Ана Јовковска ја промовира новата книга „Емотивен талог“

МИА/КАЈГАНА
/ 28.04.2022 / 08:54

„Емотивен талог“ е насловот на новата книга на новинарката и авторка Ана Јовковска која ќе биде промовирана вечерва во 19 часот, во клуб ресторанот во Младинскиот културен центар (МКЦ).

Книгата е во издание на „Три“, а според авторот на поговорот, Гоце Смилевски, таа произлегува од себезапрашаноста пред предизвиците на современото живеење и откривањето на сопствените стратегии за борба против сѐ што нѐ одвојува од нашата суштина.

Ова дело, како што посочува, е повик и поттик да се впуштиме во авантура на себеиспитување и себенадградување преку аналитички поглед во сопствениот емотивен талог.

„Извонредно слоевита и напишана со огромна вештина, книгата ‘Емотивен талог’ има силна интроспективна визура. Интелектуалната љубопитност на Ана Јовковска е безгранична и повикува на креативен и продуктивен дијалог со читателите. Ракописот е густ како талог од кафе, натопен во разигран јазик на метафори, симболи и асоцијации, а сепак е едноставен, непретенциозен и лесно читлив“, смета писателот Владимир Мартиновски.

Ана Јовковска е научна истражувачка, магистерка по културолошки студии, дипломирана новинарка, колумнистка, ТВ-уредничка, специјалист за односи со јавност и тренер по комуникациски вештини.

„По четирите објавени книжевни дела, сега ни се претставува со едно поинакво четиво, збирка од раскази, колумни и есеи именувани како ‘Емотивен талог’. Илустрирајќи ги своите лични доживувања, интимни искуства и длабоко почувствувани ситуации, таа ги преиспитува релациите на себството и Другиот, слободата и љубовта, диктатот на технологијата, моралот и ропството, социо-емоционалниот развој на децата, консумеризмот наспроти (не)грижата за природата… но среде сето тоа, Јовковска гласно го поставува прашањето за среќата“, соопшти издавачката куќа.

реклама

Книги

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Read more

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Read more

КАЈГАНА препорака: Зошто треба да го прочитате крими романот „Нож“ на Ју Несбе?

Read more

Промовирана монографијата 100 години Тиверија

Read more
 

Магазин

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе

Што можете да направите против опаѓање на косата по породување?

Читај повеќе

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Читај повеќе