Промовирана монографијата 100 години Тиверија

Филип Здравески
/ 28.12.2023 / 13:28

Фудбалскиот клуб Тиверија од Струмица годинава ја прослави 100-годишнината од своето основање, а 2023 година ја заврши на најдобар можен начин - со промоција на монографијата „100 години Тиверија - еден век фудбалска историја“.

Фото: Сречко Гунчев

Синоќа во НУ Центар за култура „Антон Панов“ во Струмица се одржа промоција на монографијата насловена „100 години Тиверија - еден век фудбалска историја“ со која се затвори одбележувањето на 100-годишнината од формирањето на фудбалскиот клуб Тиверија.

„Направивме обемно фудбалско истражување со детална статистика, резултати, комплетни сезони, табели, фотографии, исечоци од весници, и за прв пат објавени сезони пред втората светска војна. Во оваа монографија овековечивме огромен број на поранешни фудбалери, тренери, претседатели, спортски работници и навивачи на клубот кои оставиле дел од својата младост во струмичка Тиверија“, вели коавторот Ристо Секулов, кој заедно со Аце Стојанов се творци на монографијата.

Тие упатија благодарност на издавачот Општина Струмица и градоначалникот Коста Костадинов, но и до „сите соработници кои дадоа допринос кон изработка на монографијата, а особено до големиот вљубеник во фудбалот од соседна Србија - Небојша Јаковљевиќ“.

Управата на клубот донесе одлука да се доделат бесплатни примероци од монографијата на сите фудбалери, тренери и спортски работници кои се спомнати во монографијата (подетално, за оние што има индивидуална фотографија и напишан текст) и за истите ќе следува по 1 бесплатен примерок. Доставата ќе биде во наредните денови и во првите денови од новата 2024 година.

Како клуб во сенка на попознатите Беласица и АП Брера Струмица, Тиверија денес се натпреварува во 3.МФЛ Исток, каде е на 5. место од 9 екипи, без шанси за пласман во повисок ранг. Затоа, пак, женската екипа е дел од најсилната македонска фудбалска лига и моментално е на 3. место со само три бода заостанување од водечкиот Љуботен.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more

Книги

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Read more

КАЈГАНА препорака: Зошто треба да го прочитате крими романот „Нож“ на Ју Несбе?

Read more

Промовирана монографијата 100 години Тиверија

Read more

Нов роман на Фросина Пармаковска

Read more
 

Магазин

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Читај повеќе

Нутриционистите споделија листа со најздравите зеленчуци

Читај повеќе

Како да знаете дали се плаши од сериозна врска?

Читај повеќе

Во која земја младите се најсреќни? Не, не е Македонија

Читај повеќе

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе