Анчелоти го посрамоти Азар, Бејл „пукна“ од смеење во големиот пораз на Реал

Реал Мадрид доживеа неочекуван пораз од Атлетик Билбао и беше елиминиран од Купот на кралот со гол во 89. минута.

Не играше повредениот Карим Бензема, како и Лука Јовиќ, Гарет Бејл и Еден Азар кои седеа на клупата цел натпревар, иако се очекуваше барем еден од нив да го замени Французинот во игра.

Карло Анчелоти во еден момент дури и го испрати Азар да се загрева, тој истрча, но тренерот на „кралевите“ го врати на клупа.

Тоа го насмеа Бејл, кој седеше веднаш до Лука Јовиќ.

URL

Многумина тоа го коментираа како понижување, иако Анчелоти по мечот се правдаше дека не е така.

„Поради замор го заменив Крос со Камавинга. Имав право на повеќе измени и планирав да ги искористам во продолженијата. За жал, (противниците) постигнаа гол доцна и немав време да ги извадам другите играчи“, изјави Анчелоти по елиминацијата.

Анчелоти беше прашан и дали Србинот, Белгиецот и Велшанецот биле обележани и казнети поради некоја причина.

„Немам што да кажам за тоа. Зошто ме прашувате за нив, а не за Себаљос или Карвахал? Нема ништо. Донесов одлуки кои не ги вклучија нив. Треба да ме прашате за Себаљос и Ваљехо, кои исто така не одиграа ниту една минута“, изјави Анчелоти.

Наводно Анчелоти го спречил Јовиќ да си замине од Реал, а сепак не му дава реална шанса. Иако овој натпревар се чинеше дека е вистинската прилика.

 

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Read more

Фудбал

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Read more

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Read more

Работа од соништата: Гледа натпревари, освојува трофеи и заработува милиони

Read more

Вардар последната битка за опстанок ќе ја бие во Струмица

Read more
 

Спорт

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Читај повеќе

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Читај повеќе

Работа од соништата: Гледа натпревари, освојува трофеи и заработува милиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ превртува очи на прашањето дали ќе игра за Србија на Олимпијадата

Читај повеќе

Вардар последната битка за опстанок ќе ја бие во Струмица

Читај повеќе

Познати бараж двојките за пополнување на втората лига

Читај повеќе

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Читај повеќе
  • play_arrow

Клоп ги насмеа новинарите на последниот прес за Ливеерпул

Читај повеќе
  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе