Ангеловски распали по ФФМ и Милевски: Наместо подобрување, со својата нестручност ја растурија најдобрата генерација

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација во своја објава на социјалните мрежи ги нападна ФФМ и актуелниот селектор обвинувајќи ги дека ја уништиле најдобрата генерација во историјата на независна Македонија.

Фото: ФФМ

Повод за објавата на Ангеловски беше синоќешниот пласман на Грузија на ЕУРО 2024 откако во финалниот бараж на пенали ја победи Грција. Токму Грузија претходниот пат настрада од Македонија на Ангеловски кога во финалниот бараж Македонија славеше со 1:0 среде Тбилиси и избори историски прв пласман на ЕУРО.

„Грузија вечерва заслужено слави. Ја победи Грција и испиша историја. Пласман на ЕУРО 2024, откако во минатото финале на Лигата на нации загуби од Македонија. Честитки“, почна во својата објава популарниот Мрме. Интересно е тоа што за да дојде во овој финален бараж, Грузија заврши прва во својата група од Лигата на нации, во која беше и Македонија. Грузија двапати нѐ совлада - 3:0 среде Скопје и 2:0 во Тбилиси.

„Но, каде сме ние после историскиот пласман на ЕУРО 2020. Наместо да се бориме секој нареден циклус на квалификации да го подобруваме нашиот учинок, го уништивме она што вреди носени од мотивите за личен профит и луѓе без капацитет на водечките позиции во ФФМ и на позицијата селектор на репрезентацијата, кои со својата нестручност успеаја да ја растурат најдобрата генерација во историјата на Македонија која бележела резултати и за тоа треба да им се 'честита'.

Ангеловски, кој на позицијата селектор по тоа историско ЕУРО 2020 го замени Благоја Милевски, го нападна токму неговиот наследник, кој пак претходно исто така испиша историја за прв пат квалификувајќи македонска репрезентација на едно натпреварување, младата до 21 година на ЕУРО 2017 во Полска. Воедно, сегашната генерација ја однесе на чекор од Мундијалот 2022 во Катар кога во баражот прво сензационално ја победи Италија, за потоа да потклекне пред Португалија.

„Но, тоа не е сѐ. Прокоцкаа шанса за пласман на Светско првенство каде 50% од работата им беше завршена (алудира на неговата победа над Германија за прво место во групата, заб. на авт.). Сега слушаме изјави од селекторот кои ме загрижуваат, бидејќи да изјавиш такво нешто треба да си надвор од мисловна активност или да бараш оправдување за сопствената немоќ. Резултатот е нешто што не можеш да го смениш. Неинтелегентниот човек невозможно е да го поразиш со аргументи“, заврши Ангеловски без да штеди на зборови.

Откако расчисти со селекторувањето, Ангеловски имаше две кратки клупски авантури во словенечка Горица и казахстански Каспиј. Моментално е без ангажман.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more

Фудбал

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе