Антихормони: Што се и како помагаат во лекувањето на два типа рак?

Антихормоните ги блокираат хормоните да испраќаат до одредени клетки сигнали што им се потребни за да растат, поради што антихормонската терапија е ефикасна во лекувањето на некои видови рак.

Антихормоните се најефективни за третман на рак на простата и рак на дојка кои се врзуваат за андрогенот и естрогенот.

Антихормоните се агенси кои делуваат против хормоните и го блокираат хормоналниот одговор на телото. Антихормонската терапија е спротивна од хормонската терапија бидејќи хормонската терапија го стимулира производството и активноста на хормоните, додека вторите, како што веќе беше наведено, ги блокираат.

Што се антихормони?

Антихормоните, во форма на медицинска терапија, се користат за лекување на рак на простата и рак на дојка, бидејќи одредени видови на хормони го поттикнуваат развојот на канцерогените клетки, па затоа е неопходно целосно да се отстранат од телото.

Покрај за лекување рак, антихормоните понекогаш се користат и во случаи на ендометриоза, хирзутизам (прекумерна влакнавост кај жените) и во трансродовата терапија, односно кај луѓе кои сакаат да го променат полот.

Антихормоналната терапија се користи за третман на рак на дојка и рак на простата само по операција или радиотерапија со цел да се намали ризикот од повторување на овој тип на рак или да се спречи неговиот понатамошен развој.

За третман на рак на простата се користат антиандрогени кои го блокираат дејството на андрогените, машки полови хормони, а за лекување на рак на дојка се користат антиестрогени кои го блокираат дејството на естрогените, женски полови хормони.

Како функционира антихормонската терапија?

Хормоните се произведуваат во жлездите и циркулираат низ крвотокот и делуваат како сигнал до клетките да растат со врзување за нив.

На овој начин, хормоните во телото регулираат различни функции.

Меѓутоа, кога антихормоните се внесуваат во телото, тие ги спречуваат хормоните да испраќаат сигнали до клетките, па клетките не можат да растат.

Затоа, ако е, да речеме, рак на дојка, антиестрогените ќе се врзат за естрогенските рецептори на клетките, ќе го блокираат врзувањето на естрогенот и ќе го спречат активирањето на овие рецептори и понатамошниот раст на клетките кои, во овој случај, се канцерогени.

Несакани ефекти од антихормоналната терапија

Како и повеќето други лекови, антихормоналната терапија може да предизвика бројни несакани ефекти. Несаканите ефекти и нивниот интензитет ќе зависат од бројни фактори како што се физичката состојба на лицето што го зема, видот на антихормоналната терапија, дозата на терапијата и слично.

Несакани ефекти од земање антихормони се:

  • болки во зглобовите и коските
  • губење на коскената маса
  • промени во телесната тежина
  • гадење
  • промени во расположението
  • жешки бранови
  • зголемен ризик од проблеми со срцето
  • висок холестерол и замастен црн дроб

Овие несакани ефекти може да бидат привремени, додека телото не се навикне на терапијата, но некои може да бидат и потрајни, имајќи предвид дека антихормонската терапија мора да се зема околу пет години, а понекогаш дури и до десет години.

Тагови
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Здравје

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Нутриционистите споделија листа со најздравите зеленчуци

Read more

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more
 

Магазин

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Читај повеќе

Нутриционистите споделија листа со најздравите зеленчуци

Читај повеќе

Како да знаете дали се плаши од сериозна врска?

Читај повеќе

Во која земја младите се најсреќни? Не, не е Македонија

Читај повеќе

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе