Живот

Антистрес мачки на работното место во Јапонија

23. мај 2017 - 9:34 | Макфакс

Една компанија во Јапонија, земја позната по долгото работно време и стресната хиерархиска дисциплина, пронашла терапија за намалување на стресот фокусирана на користењето на мачки, пренесуваат светските агенции.

Во малата токиска канцеларија на информатичката компанија Ferray, девет мачки скокаат на колената на вработените, се шетаат по тастатурите, спијат, јадат и слободно се движат низ просторијата. Директорот на компанијата, Хиденоби Фукуда вовел своја политика за „мачки во канцеларија“ во 2000 година, на барање на еден од своите соработници и им дозволил на вработените да доаѓаат на работа со своите мачки.

И други јапонски компании се насочија кон употребата на животни за намалување на стресот и тензиите на работните места. Во јапонскиот огранок од компанијата Oracle, кучето кое се вика Кенди, стана нивен „амбасадор, задолжен да дочекува гости и да ги смирува вработените“ стои на нивната веб страна.

Oracle во Јапонија има куче во работните канцеларии уште од 1991 година и Кенди, кое е четврто куче досега во оваа компанија и исто така има свој Twitter и Instagram профил.

Компанијата за човечки ресурси, Pasona Group, пак, со полно вработно време вработила „две кози“ во 2011 година. Низ Токио, пак, има околу 60-тина кафулиња каде е дозволено да се движат мачки и тие слободно шетаат помеѓу клиентите.

Коментирај