Иако од Основниот суд Скопје 1 во понеделникот рекоа дека предметот за случајот „Транспортер“ е доставен до Апелациониот суд, сепак се уште се чекало решението за куќен пртивор за битолскиот градоначалник, Владимир Талески.
Од Основниот суд Скопје 1 велат дека се чекаат доставници, од обвинетиот и од СВР Битола коишто се доказ дека ги примиле решенијата за притвор.
Иако Талески од понеделникот се наоѓа во притвор, решениеот се уште не стигнало во Скопје па поради тоа Апелациониот суд не може одлучува по жалбата на адвокатот на Талески кој гоја обжали одлуката за 30-дневен куќен притвор на Талески.
Тој е обвинет во случајот „Транспортер“ за малверзации со транспортот на учениците во Битола заедно со уште 21 лице.