На терените во НБА беше скромна ноќ по бројност бидејќи се одиграа само четири дуели, но не недостасуваше драма и возбуда.
Фантастично дерби одиграа Милвоки Бакс и Лос Анџелес Лејкерс, а гостите славеа по две продолженија со 128:124.
При резултат 124:121 за Лејкерс, најголемата ѕвезда на Бакс, Јанис Адетокунбо ги промаши двете слободни фрлања за да го доведе својот тим во неволја. Домашните не се вратија, а гостите однесоа важен триумф од Милвоки.
Ентони Дејвис мина 52 минути на паркетот, ја остави „душата“ во салата и му донесе победа на својот тим. Постигна 34 поени со 23 скока, а го следеше Остин Ривс со трипл-дабл од 29 поени, 14 скока и 10 асистенции.
Трипл-дабл оствари и Адетокунбо со 29 поени, 21 скок и 11 асистенции, но ги промаши клучните слободни фрлања. Во поразениот тим Демиен Лилард постигна 27 поени.
Своја вечер имаше и Лука Дончиќ кој на својот Далас Маверикс му донесе многу убедлива гостинска победа над Сакраменто Кингс од 132:96.
Дончиќ постигна 28 поени со 11 скока и 6 асистенции, додека Кајри Ирвинг додаде 24.
Голден Стејт Вориорс победи против Мајами Хит на гости, додека Оклахома Сити Тандер беше подобра од Њу Орлеанс Пеликанс.
Резултати:
Мајами Хит - Голден Стејт Вориорс 92:113
Милвоки Бакс - Лос Анџелес Лејкерс 124:128 прод.
Њу Орлеанс Пеликанс - Оклахома Сити Тандер 112:119
Сакраменто Кингс - Далас Маверикс 96:132
Табела: