Во текот на ноќта во НБА лигата се одиграа 11 натпревари, а во најголем дел од натпреварите мошне забележителна улога имаа кошаркарите од Балканот.
Лука Дончиќ и Никола Јокиќ приредија највпечатливи партии, како и обично.
Дончиќ го предводеше Далас до победа на гости кај Јута од 115:105, а натпреварот го заврши со трипл-дабл учинок од 29 поени, 12 скока и 13 асистенции.
Денвер на домашен терен го победи Мемфис со резултат 128:103. Јокиќ по победата се врати на паркетот и запиша 29 поени, 11 скока и 8 асистенции.
Богдан Богдановиќ постигна 22 поени во победата на Атланта над Бостон од 120:118, додека неговиот истоименик Бојан постигна 13 поени во победата на Њујорк над Детроит од 124:99.
Ивица Зубац беше на прагот на дабл-дабл учинок во поразот на ЛА Клиперс од Индијана со 133; 116, а мечот го заврши со 9 поени и 11 скока.
На прагот на трипл-дабл беше и Никола Вучевиќ, кој постигна 9 поени и 16 скока во поразот на Чикаго од Вашингтон со 107:105.